Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeПоследни подготовки за концертот на Мадона во Белград Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград Empty
20090823
ПишувањеПоследни подготовки за концертот на Мадона во Белград

Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград Ily-09-06-
Подготовките за концертот на кралицата на поп музиката Мадона во Белград се при крај, се наведува на веб страната на фестивалот „Егзит“.

На подготовките за концертот кој е дел од нејзината светска турнеја, а ќе се одржи на 24 август на Ушче, работат повеќе од 70 врвни професионалци. Со неа на сцената ќе настапат 26 изведувачи меѓу кои 15 танчери, тројца гитаристи, тапанари, виолинисти, како и светски познатиот диџеј Пол Окенфолд.

На првите девет концерти од овогодинешното продолжување на нејзината голема светска турнеја присуствуваа 316.553 посетители, додека минатогодишниот дел од турнејата го посетија 2.337.308 обожаватели на 58 концерти во 17 земји низ светот.

Најрелевантната публикација во музичката индустрија, американскиот магазин „Полстар“ на почетокот на оваа година објави листа според која нејзината светска турнеја наречена „Sticky & Sweet“ во 2009 година е на прво место со заработка од 281,6 милиони долари.

Со ова, поп иконата го урна рекордот на најуспешна турнеја како соло изведувач, кој во 2006 година го постави токму таа.

Славната пејачка минатата година го издаде единаесетиот албум „Hard Candy“, а неодамна ја објави и новата песна „Celebration“ чија продукција ја работеше славниот британски диџеј Окенфолд.

Мадона Луиза Вероника Чичоне е родена 1958 година во Мичиген (САД) и освен пејачка таа е и текстописец, продуцент, актерка, писател, а од неодамна и моден дизајнер. Добитник е на многубројни награди и носител на многу рекорди во својата долгогодишна музичка кариера, меѓу кои и титулата на најпродаван женски уметник на сите времиња со проценети 250 милиони албуми ширум светот.

Концертот во Белград ќе се реализира во организација на продукциските куќи „State of Exit“ и „Live Nation“.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград :: Comments

Не знаев дека утре е концертот... блазе се им на оние што ќе бидат.

Јас најголемата грешка ја направив што не отидов на Енрике Иглезијас во Белградска Арена, едноставно касно дознав за концертот. Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград 165556
Јас овие денови прв пат убаво разбрав дека ќе има концерт во Белград.
Лани за тој концертот на Јаз плажата во Црна Гора имаше премногу реклами кај нас, а за овој ич.

И дај Марко малце среди ја некако сликата, го пореметува цел портал. Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград 557897
Ја намалив сликата...

јас чим си дозволив да не одам на RBD во Белград (другата година здравје ке одам) на Мадона ич нема да одам иако не би ми штетело да ја видам и да уживам во нејзините хитови, и точно е дека воопшто не е рекламиран концертов
Ова ќе биде спектакл. Според мене. Толку енергични концерти никој не прави.
 

Последни подготовки за концертот на Мадона во Белград

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: