Аднан Бабајиќ, победникот од првата серија на музичкото шоу „Операција триумф“ и популарната пејачка Каја неодамна на црногорското приморје го снимија спотот за заедничката песна „Срце плаче љубов“. Од денеска видеоспотот ќе биде емитуван на каналот на „Емоушн“ на „јутјуб“, како и на страницата на „Емоушн“ на сајтот за дружење „фејсбук“. - Снимањето на спотот беше незаборавно, интересно искуство. Поради големиот број преубави локации и поради атрактивните кадри со кои изобилува овој спот, ми изгледа дека проектот на сите ќе им овозможи прекрасно визуелно доживување – истакна Аднан. Снимањето траеше четири дена, а се употребуваше напредна тридимензионална технологија. Песната „Срце плаче љубав“ премиерно е изведена на фестивалот во Херцег Нови, а текстот и музиката ги напиша Емина Јаховиќ
Нед Aвг 23, 2009 1:14 am by Beauty