Panasonic го пушти во продажба најтенкиот телевизор. Потенок е дури и од сопствениот далечински управувач. Овој 54 - инчен HD телевизор, предизвика многу реакции.
Некои од нив беа наменети за добриот дизајн, а некои за цената, која на почетокот изнесуваше 10,000 долари. Но, Panasonic очигледно се освести, и ја намали на 6,000 долари.
Овој телевизор ќе изгледа како уметничка слика на вашиот ѕид, а нема никаков кабел освен оној за струја. Рисиверот за него е со големина на ДВД, и пренесува сигнал до него преку безжичен трансмитер.
Нед Aвг 23, 2009 12:04 am by Bobi