„3Д КЛАСИКАТА ДОАЃА!!!!!!!“Некои го нарекуваат филм на 21. век, некои го нарекуваат ремек дело, некои го нарекуваат врв на денешната имагинација и мултимедија, а сето тоа станува збор за новиот култен филм чија премиера е закажана на 18 декември 2009, филмот „АВАТАР“ на Џејмс Камерон (режисерот на мегахитот („Титаник“).
Џејмс Камерон ја користи цела своја имагинација во новиот епски филм кој се очекува да ги руши сите рекорди па дури и на филмот „Титаник“. Буџетот на долгоочекуваниот филм изнесува вртоглави 237 милиони долари. Во филмот како дел од актерите кои се појавуваат се и Мишел Родригез (Ана Лусија - Изгубени) и Сигурни Вивер.
Официјален сајт:
http://www.avatarmovie.com/Филмот е наменет посебно и за 3Д обожавателите, се нарекува најочекувано и најспектакуларно 3Д издание на сите времиња! Премиерата на трејлерот се случи денеска пред неполни два часа, а одбројувањето траеше неколку дена! На следниов линк подоле имате можност да го изгледате.
http://www.apple.com/trailers/fox/avatar/teaserlarge.html
Чет Aвг 20, 2009 8:50 pm by Игор