Британецот Стив Мисуира (31) постави нов рекорд во гледање телевизија. Тој без прекин ги изгледал сите 238 епизоди на популарната американска ТВ серија „Пријатели“, издржувајќи без сон 84 часа.Мисуира, актер аматер, се решил на таков чекор за да обезбеди средства за часови по глума.
„Ја обожувам серијата „Пријатели“, но сепак беше многу тешко. По 72 часа пред телевизор посакав да умрам“, изјавил Мисиура за британските медиуми.
Пред крајот на телевизискиот маратон, тој почнал да халуцинира и да чувствува мачнина и грчеви во стомакот. На пријателите кои го посетувале ги прашувал зошто ѕидовите околу него исчезнувале.
За да го документира подвигот, се фотографирал на секој час, а за да не заспие го наместил будилникот да му ѕвони на секои пет минути.
За рекордот заработил околу 2.000 евра. Претходниот рекорд во непрекинато гледање телевизија изнесуваше 72 часа.
Извор:
А1
Пон Aвг 17, 2009 9:17 pm by Игор