Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeМорска сирена го возбуди Израел Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Морска сирена го возбуди Израел

Go down 
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

Морска сирена го возбуди Израел Empty
20090814
ПишувањеМорска сирена го возбуди Израел

Израелците деновиве ги зафати невообичаена возбуда предизвикана од извештаите дека во водите на Средоземеното Море во близина на Хаифа е забележана морска сирена.
Морска сирена го возбуди Израел Mermaid
Хаифската општина, Кирјат Јама, сериозно ги сфати овие извештаи, па понуди награда од милион долари на оној што ќе може да докаже дека во израелските води на Медитеранот живее ова митско суштество.

Портпаролот на општинската управа на Кирјат Јам, Нари Зилберман изјави дека во последниве неколку месеци имало 12 јавувања на лица кои тврделе дека виделе сирена.

- Многу луѓе велат дека се сигурни оти виделе сирена. Некои од нив воопшто не се поврзани меѓу себе, нагласи Зилберман.

Тој потенцира дека во сите случаи „очевидците“ тврдат оти ја виделе сирената при зајдисонце.

- Луѓето велат дека тоа е половина девојка, половина риба, која скока како делфин. Таа изведувала разни трикови, а потоа исчезнувала, додава Зилберман.

По објавувањето на ваквите тврдења илјадници љубопитни посетители се собраа во крајбрежјето на Хаифа, каде се наоѓа општината Кирјат Јам, со камери и фото-апарати во обид да ја „фатат“ сирената барем на видео снимка или фотографија.

Зилберман ги отфрла обвинувањата дека општината ја распишала наградата и ја поттикнала целата приказна за сирената, само за да привлече публицитет и повеќе туристи.

- Ако навистина има сирена, во Кирјат Јам ќе дојдат толку многу посетители и туристи, што ќе собереме повеќе од милион долари, нагласи Зилберман, одговарајќи на прашањато од каде и на општината пари за милионската награда.

Извор: Идивиди
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

Морска сирена го возбуди Израел :: Comments

dijanape
Re: Морска сирена го возбуди Израел
Пишување Нед Aвг 16, 2009 2:55 am by dijanape
Ова е само реклама за да им одат повеќе туристи.
Chris
Пред некој ден баш читав за ова сирениве и има доста мистерии и неразјаснети работи, би сакал да постојат Морска сирена го возбуди Израел 996773
 

Морска сирена го возбуди Израел

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: