Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeИзбрани филмските проекти за 2010 година Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Избрани филмските проекти за 2010 година

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Избрани филмските проекти за 2010 година Empty
20090813
ПишувањеИзбрани филмските проекти за 2010 година


“Духот на бабата Илонка“ во режија на Томислав Жаја, “Како бебе“ на Милчо Манчевски и “Пазар“ на Теона Стругар Митевска, се трите долгометражни филма кои се избрани на конкурсот во мај 2009, и за нив филмскиот фонд одвоил 500.000 евра.

“Духот на баба Илонка“ е во македонско-хрватска копродукција, детски филм посветен на ромската заедница. Поголемиот дел ќе се одигра во Македонија, а дел надвор од земјава. Во него се очекува улога и музика на Есма Реџепова, рече директорот на македонски филмски фонд, Дарко Башески.

Филмот “Како бебе“ на Милчо Манчевски е предвиден како трилогија па затоа тој побарал поголема сума на финансии за неговите наредни продолженија од филмот. А филмот “Пазар“ на Теона Стругар Митевска е планиран како научна фантастика.

“Фокусот на овој конкурс беше да се изберат повеќе кратки филмови. Од нив само еден е на автор кој зад себе има кариера, а тоа е Стефан Сидовски, кој сите филмови досега ги работел непрофесионално со сопствени средства и ова е прв негов краток филм поддржан со финансиски средства од страна на некаков фонд“, додаде Башески.

Mеѓу избраните кратки филмови е “Балон” во режија на Марија Апчевска кој добил поддршка од “Си синема нетворк“, кој е најскромен проект пријавен со буџет од само 6.000 евра, додека вкупно за сите кратки играни филмови од буџетот издвоени се 900.000 денари.

Од документарните избрани се шест филмови меѓу кои “Си барам невеста“ во режија на Марија Џиџева. Во филмот се зборува за нарушувањето на демократската структура, односно за ергените од пелагонискиот села, кои си бараат жени надвор од Македонија.

Од Анимираните избран е филмот “Гејм Овер” во режија на Никола Танчевски.

Изборот на филмовите е направен врз дискусија, односно пресудно било сценариото, продукцијата, продуцентот и искуството на авторот, изјави Башески.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Избрани филмските проекти за 2010 година :: Comments

Духот на баба Илонка Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Избрани филмските проекти за 2010 година 24632 Светов иде напред, ние со баба Илонка се замараме.
Пазар - научна фантастика на макеоднски начин, глупост
Дани, мислам дека не треба да се потсмеваме, поради тоа што навистина сме пропаднати со играните филмови, и какви филмови и да снимаме се добредојдени поради тоа што навистина сме во загуба. За мене од сите овие проекти сигурно најмногу ќе вредат на Милчо Манчевски и Теона Митевска, кои навистина се дел од класата врвни режисери. Патем и оној проектот „Приказна за дивиот исток“ кој беше одамна најавен очекувам дека ќе биде неверојатно добар, само што не знам зошто се‘ уште не почнала продукцијата.

А инаку Македонија има одлични и многу добри режисери и за анимирани филмови, навистина има вредни луѓе кои знаат да направат добро дело, е сега сета работа е на филмскиот фонд, па и 500,000 евра се доволно за еден игран филм. И Сенки беше со толкав буџет Избрани филмските проекти за 2010 година 722953
^^
Сенки беше еден филм, а новиот ќе биде трилогија.
Плус на Википедија пишува дека буџетот на Сенки е 4.600.000 евра, ама можеби е потпомогнат и со спонзори, ваљда и во овој случај ќе биде така.
Дани што се смееш? мене баш тој наслов ме привлече, што сакам да стане хит како Сенки па да ги затне злобниците што не ги почитуваат макдонските поизводи Избрани филмските проекти за 2010 година 477131 Избрани филмските проекти за 2010 година 496140
Каков и да е наш филм позитивно го прифаќам и одвај чекам да го гледам, зашто тоа потешко оди кај нас.

Само напред со проективе, да ги направат најдобро што можат.
Есенва почнуваат со продукција овие филмови, патем и оние на Сашко Поповски „Ова не е Американски Филм“ , „Војната заврши“ на Митко Панов и „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон.

Филмот на Столе Попов „Приказна за Дивиот Исток“ се‘ уште не се знае кога би започнал во пред-продукција.
igorpp напиша:
Каков и да е наш филм позитивно го прифаќам и одвај чекам да го гледам, зашто тоа потешко оди кај нас.

Само напред со проективе, да ги направат најдобро што можат.
Се согласувам со се што си напишал.
Навистина не ми е јасно зошто луѓево мора за се и сешто да мрчат! Избрани филмските проекти за 2010 година 353532
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=814995815&id=16&setIzdanie=21763

Интервју со Милчо Манчевски за новиот филм.
„Како бебе“ ќе се снима на локации во Скопје и низ Македонија, а премиерата на филмот ќе биде напролет. Манчевски сé уште не решил кој ќе ги игра главните улоги, но најавува дека ќе има изненадувања
ХММ сигурно ќе прави неко ј кастинг тоа е ли инзненадувањето останува да видиме
 

Избрани филмските проекти за 2010 година

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: