Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| | „Сексот и градот“ се сели во Африка! | |
Приказната за четирити шопингхоличарки не смее да се снима во Дубаи, па екипата привремено се сели во Мароко. Може ли Казaбланка да го замени Њујорк?„Сексот и градот 2“ не е веќе во Њујорк - се сели во Африка! Попрецизно, во Мароко каде што наредниве 5 недели ќе биде нова локација за снимање на продолжението на минатогодишниот филмски хит. Некои новинари веќе се запрашаа што значи таа локација? Дали Кери и Фаца таму ќе имаат меден месец или можеби замиунваат да посвојуваат деца, баш како славната Анџелина? Изгледа дека Мароко само ќе го глуми Дубаи, познатото шопинг средиште во Сооединетите Арапски Емирати. Продуцентите преговарале со властите околу дозволата за снимање во таа земја, но дозволата им била скратена. Филм кој во својот наслов има „секс„ тешко може да биде легален во оваа муслиманска земја, каде што минатата година филмот беше и забранет за прикажување. Затоа дојде и до застој во снимањето, но сега очигледно решението е пронајдено. Па кој знае, можеби познатата Казабланка ќе биде инспирација за нови романси на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда? Извор: filmski.net | |
|
Вто Aвг 11, 2009 5:28 pm by Chris