Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeГнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Гнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори

Go down 
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

Гнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори Empty
20090810
ПишувањеГнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори

Стотици разгневени фанови се собраа денес уште пред почетокот на пуштањето на новите карти за фудбалскиот натпревар против Шпанија
Гнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори Ffmbiletara

Свирежи, пцовки и викање од стотици грла пред билетарницата на Националната арена Филип Втори беше денешната слика кога и започна заменувањето на купените билети за претстојниот фудбалски натпревар со репрезентацијата на Шпанија.

Турканиците беа неподносливи, па некои од луѓето кои дошле рано наутро да чекаат ред се откажаа од замор и исцрпеност од топлото време.

Нови карти нема да бидат пуштени, а замената на старите оди бавно. Иако ФФМ најави дека нема да се дозволи купување на повеќе од три влезници за една личност, и тоа се допушти. Полицајците во службени униформи само стоеја на страна и не воспоставија никаков ред, со што само се создаде поголем неред.

Стигна и амбулантното возило кое застана далеку од толпата и кое требаше да им пружи помош на сите луѓе кои се онесвестуваа, но тие беа качени на кровот од билетарницата. Единствена форма на освежување беа ладните минерални води и сокчиња кои еден постар господин ги продаваше.

Претставници од повеќе медиуми го снимаа овој дебакл во организацијата на ФФМ, а разгневените луѓе кои беа присутни не се штедеа на погрдни зборови за главните на ФФМ. Вакво понижување и ваков дебакл одамна не се памети.

Тоа што требаше да претставува гордост по повод јубилејот се претвори во срам за ФФМ, за македонскиот фудбал, но и за Македонија како држава.

Извор: Форум
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

Гнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори :: Comments

Видов на А1 Вестите, страшно, сироти фанови се туркаат и караат таму, можам да претпоставам што било - како на пазар, џунгла од изнервирани граѓани, караници, пцовки
 

Гнев и свирежи пред билетарницата на Филип Втори

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: