Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРеконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ Empty
20090805
ПишувањеРеконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“

“ФИЛИП ВТОРИ” ПОУБАВ ОД МАКСИМИР

За прв пат откако во поранешна Југославија беше изградена јужната трибина некој се сети дека на најголемото спортско здание во земјава му е потребна реконструкција.

По завршувањето на градежните работи на арената “Филип Втори” земјава чекор поблиску до стадион на кој би можело да се организираат големи европски и светски натпреварувања. Медиумите од регионот уште пред завршувањето на северната трибина пишуваа дека Македонците градат објект со кој можат да се гордеат.

Хрватски Индекс воодушевен од новиот изглед на северната трибина и целата арена пишува дека “Филип Втори” е далеку поубав стадион од нивниот Максимир.

Македонската бонбониера сега ќе има капацитет од 30 илјади гледачи и ќе ги исполнува строгите УЕФА и ФИФА стандарди. Челниците на фудбалските организации се заканија дека доколку не се санираат подтрибинските простори на јужна македонската фудбалска репрезентација своите натпревари од циклусот за квалификации на европското првенство 2012 година ќе мора да ги игра на некој од стадионите во соседството.

Замерија на туш кабините, тоалетите, соблекувалните и просторот во кој фудбалерите се подготвуваат непосредно пред да истрчаат на тревата. Но сега, со новата северна трибина овие проблеми се веќе минато. Грдата глетка која ја создаваше старата северна, без покрив, ја замени високо модерна нова трибина која во иднина ќе биде централна на арената “Филип Втори Македонски”.

За нејзината реконструкција државата потроши 14,5 милиони евра и е дел од проектот за целосна реконструкција на стадионот, што подразбира нова источна и западна трибина. Целосно, според плановите националната арена треба да биде готова до крајот на 2011 година.

Извор: Сител Телевизија
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ :: Comments

И за гордеење е, стадионот е прекрасен Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 433111
Да, и мене ми се допаѓа новиот дел. Патем, што мислите може ова во 2011 кога ќе има уште поголем капацитет од 30,000 да ни послужи за Евровизија Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 24632 Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 24632 . Сепак јас мислам дека Борис Трајковски требаше да ја направат арена како што има во Белград и во Загреб со по 25,000 капацитет Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 996773
Не може да служи за евровизија затоа што таа не се одржува на стадион Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 996773 туку во голема сала или арена како онаа на Белград...
Chris напиша:
Не може да служи за евровизија затоа што таа не се одржува на стадион Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 996773 туку во голема сала или арена како онаа на Белград...

Се имаат многу Евровизии одржувано под отворено небо, како на пример онаа во Данска 2001, беше спектакуларна Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 722953 Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 722953
Трибината е супер, мала утка имаат направено со столчињата, ама ај да видиме како ќе ги направат и другите па ќе го видиме финалниот производ. Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 983662

NateArchibald напиша:

Се имаат многу Евровизии одржувано под отворено небо, како на пример онаа во Данска 2001, беше спектакуларна Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 722953 Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 722953

Данската Евровизија се одржа на стадион, ама специјално за тој настан беше направен покрив што го опфаќаше цел стадион.

Не смее да се ризикува Евровизија да се организира под отворено небо, во тој период од годината со времето се може да се случи. Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 367412

Башка на таа Евровизија имало околу 40.000 гледачи и повеќето не можеле да ја гледаат сцената како што треба.

Кај нас Евровизија на стадион може да се направи тек кога ќе се изградат исток и запад, тек тогаш може да почне да се зборува за тоа.
Цитат :
ама специјално за тој настан беше направен покрив што го опфаќаше цел стадион

ми го зема зборот, кога веќе е покриен просторот тоа за момент престанува да биде стадион Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 996773 не верувам дека нашиве би направиле капак Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 24632 за нашиов стадион, ако здравје боже победиме на Евровизија, сигурен сум дека со светлосна брзина ке изградат една арена
Ама тоа бил некој покрив специјално за таа намена и потоа бил тргнат.

А и да го остават покривот тој простор не може да се претвори во некаква кошаркарска/ракометна арена, затоа што димензиите на фудбалското игралиште се многу поголеми. Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“ 327923
 

Реконструкција на „Градски“ т.е „Филип Втори“

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: