Холивудската актерка Скарлет Јохансон најверојатно наскоро ќе ја глуми најпознатата блондинка на светот Мерлин Монро.
Познатата холивудска ѕвездата од филмот „Девојката со бисерна обетка“ се најде во потесниот избор за главна улога во биографски филм за Монро заедно со Кејт Хадсон, Ејми Адамс и Мишел Вилјамс.
Филмот ќе се вика „Мојата недела со Мерлин“ и е заснован на дневникот на Колин Кларк, помошникот на Лоренс Оливеј со кој убавата актерка од минатиот век го снимаше филмот „The princ and the snowgirl“ во 1957 година.
Средбата со познатата блондинка Кларк ја напиша во својот дневник, па подоцна ја претвори во книга. Сценариото на филмот го адаптираше Адријан Хоџис, а режијата е на Сајмон Куртис.
Пон Aвг 03, 2009 11:43 pm by Chris