Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЕсма негира дека го тужела Борат! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Есма негира дека го тужела Борат!

Go down 
АвторПорака
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

Есма негира дека го тужела Борат! Empty
20090801
ПишувањеЕсма негира дека го тужела Борат!

Есма негира дека го тужела Борат! FC9760D11B5B3C4780ADA4B147B3D505

Кралицата на ромската песна вели дека никогаш не би дала своја согласност нејзино дело да биде вклучено во таков контроверзен проект што ги исмева Ромите, како филмот Борат на Саша Барон Коен.

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова воопшто и не поднела тужба против познатиот британски комичар Саша Барон Коен и ги демантира шпекулациите што се појавија во некои балкански медиуми дека деновиве го добила процесот и отштета од 26.000 евра – јавува Нова Македонија.

Причина за спорот меѓу Есма и контроверзниот Британец и предмет на наводната тужба е употребата на песната Чаје шукарије во неговиот филм Борат од 2006 година, искористена во повеќе сцени. Песната била снимена за холандската продукциска куќа Ворлд конекшн.

Не сум можела да добијам тужба, бидејќи никогаш не сум го тужела Борат. Точно е дека имав намера да го сторам тоа, но морав да се откажам од намерата, бидејќи продукцијата за која ја снимив песната дала дозвола темата да се употреби во филмот без да ме праша мене. Тие 26.000 евра што се споменуваат се парите што ги добила продукцијата за согласноста песната да биде дел од саундтракот на филмот - објаснува Есма.

Подоцна луѓето од Ворлд конекшн и ја исплатиле целата сума што ја добиле, откажувајќи се и од својот дел, а Есма не ги тужела ниту нив, иако имала право на тоа. Но, како што вели таа, целиот процес е завршен уште во март годинава, така што повторното отворање на случајот во јавноста е беспредметно. Во меѓувреме таа го раскинала договорот со Холанѓаните и потпишала со друга француска продукција.

И покрај спорот, името на познатата ромска пејачка е впишано меѓу авторите на саундтракот на Борат, а таа регуларно си ги прима тантиемите од неговото емитување, објавување дивиди и од објавувањето аудиоцеде со музиката од филмот. Сепак, кралицата на ромската песна вели дека никогаш не би дала своја согласност нејзино дело да биде вклучено во таков контроверзен проект што ги исмева Ромите.

Филмот ги исмева Ромите, Евреите и Американците. Никогаш не би се согласила да дадам свој придонес во таков проект, кој е против мојот народ. Тоа многу ме повредува - вели таа за Нова Македонија.

Есма најавува објавување два нови албуми за француската продукција, како и уште еден наменет за македонскиот пазар под етикетата на Мистер компани, кои на дискографскиот пазар се очекуваат наесен.



Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Есма негира дека го тужела Борат! :: Comments

Значи сепак си дошла до парите Есма негира дека го тужела Борат! 942774
 

Есма негира дека го тужела Борат!

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: