Отказ за снимателот на хрватската телевизија RTL, Иван Цвирн кој вчера успеа да ја испровоцира премиерката Јадранка Косор со натписот на неговата блуза.
Тој на снимањето на седница на владата на Хрватска дојде облечен во блуза со натпис:
„Не ми треба секс, мојата Влада ми го прави тоа секој ден“.
Телевизијата RTL се навреди и веднаш по инцидентот ја прекина повеќегодишната соработка со фирмата „Студио бленд“, чиј сопственик е токму снимателот Цвирн.
Тие сметаат дека тој неговото однесување било непрофесионално и дека тоа не треба да се доведе во врска со слободата на медиумите.
Снимателот, од друга страна пак не сакаше да го коментира отказот.Тој објаснил дека тоа му била единствената чиста маица која тој си ја купил на уличните штандови во САД.
Застана во одбрана на напишаното - „тоа ги отсликува моите ставови за Владата. Јас не се плашам да го кажам она што сите го мислат“, рече снимателот Иван Цвирн.
За премиерката Јадранка Косор натписот го навредува достоинството на хрватската Влада.
Извор:
А1
Саб Aвг 01, 2009 9:19 pm by Chris