Шакира никогаш повеќе нема да се врати на глумата поради како што таа за себе вели дека е ужасна актерка. 32-годишната пеачка си ја проба среќата и во глумата меѓутоа кога се видела на екранот сфатила дека таа професија едноставно не е за неа.
„Глумев еднаш пред неколку години меѓутоа бев ужасна и престанав со тоа. Сега постојано барам најразлични оправдувања за да не се вратам повторно на големиот екран и ги одбивам сите улоги кои ми се понудени. Едноставно не сум многу сигурна во моите актерски способности“ изјавила Шакира.
„Пишувањето песни на англиски беше голем проблем за мене, До пред некоја година едвај зборував англиски па песните морав да ги пишувам со речник.“
Саб Aвг 01, 2009 4:49 pm by solange