Компанијата Coca-Cola планира на пазарот да лансира нов производ – газирано млеко, кое е мешавина од обрано млеко и газирана вода со овошни додатоци.
Новиот пијалак, под називот „Vio“, почна пробно да се продава во Њујорк по цена од 1,50 долари.
Од успехот во „Големото Јаболко“ зависи пласирањето на новиот продукт на европскиот па и на светскиот пазар.
Газираното млеко содржи 120 калории, а се произведува во четири вкусови: манго-праска, шумско овошје, тропско овошје и лимон.
Новиот производ на мултинационалната компанија од Атланта е дел од проектот „Pro Life“ кој се фокусира на развој на производи на база на млеко
Извор: ИДИВИДИ
Чет Jул 30, 2009 12:28 am by Burrows