Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeМакедонија победи на Сунчане скале! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Македонија победи на Сунчане скале!

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Македонија победи на Сунчане скале! Empty
20090709
ПишувањеМакедонија победи на Сунчане скале!

Македонија триумфираше на финалната вечер "Песна на летото"на фестивалот "Сунчане скале" во средата во Херцег Нови. Калиопи и Наум со песната "Рум дум дум" ја освоија Гран при наградата и победија со 83 освоени поени.

Македонија победи на Сунчане скале! Pjesma_ljeta_021

Калиопи и Наум цело време за првото место се тркаа со уште еден наш дует, Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев кои излегоа втори на табелата со 73 поени со песната "Бијели лабуде"

Македонија победи на Сунчане скале! Pjesma_ljeta_004

Третиот македонско-српски дует излезе третопласиран.Маја Оџаклиевска во дует со младиот српски пејач Никола Буровац го освои третото место со 68 поени.

Македонија победи на Сунчане скале! Suncane3

- Распеаните Македонци ви ги земаа првите три места", рече Маја Оџаклиевска која изгледаше незадоволна од пласманот. Сепак таа рече дека и е драго што победила нејзината другарка Калиопи и ја прегрна на сцената. Калиопи пак беше среќна што дојдоа нејзините пет минути откако на домашниот Евросонг во февруари истиот дует излезе второпласиран. Таа и Наум ќе си ја поделат наградата од 3.000 евра. Влатко Илиевски со песната "Најбогат на свет" имаше одличен настап и се плсираше на 14-тото место со освоени 27 поени. Од Македонија како членови на жирито беа избрани Љупчо Мирковски, уредник во МТВ кој се јави телефонски и уредникот на "Бекстејџ" Александар Блажевски кој беше меѓу 12-членото интернационално жири. Блажевски 12-ка даде на дуетот Самарџиев и Џорлев, 10-ка за Калиопи и за Наум, 8-ка за Маја Оџаклиевска и 7 поени за Влатко Илиевски. Фестивалот на средина на програмата беше прекинат поради силниот дожд, па жирито гласаше директно од сцената. Голем дел од упорната публика остана на своите места и покрај дождот го проследи 15-тото издание на фестивалот.Автор на победничката песна е Кире Костов, а на второпласираната се Григор Копров, Огнен Неделковски и Владимир Дојчиновски.

Извор: http://backstage.com.mk/daily/makedonija-pobedi-na-sunchane-skale
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Македонија победи на Сунчане скале! :: Comments

Имаше повторно негативни коментари за Калиопи,бидејќи фестивалот бил за нови песни,а победила веќе слушната.
..побре Македонија победи на Сунчане скале! 505725
Не и успеа кај нас па ја пикна и во Србија Македонија победи на Сунчане скале! 24632
Болната амбиција ја донесе до победа. Али мене не ми е чудно, и тука да имавме смао жири, ќе победеше. Али народот си го кажа мислењето, Некст Тајм си победија и тоа е, немам коментар повеќе, чим Македонија и Хрватска не сака повеќе да ги види, нека ја гледа Србија сега со хитот на летото - РУМ ДУМ ДУМ Македонија победи на Сунчане скале! 24632 Македонија победи на Сунчане скале! 24632 Македонија победи на Сунчане скале! 24632 Македонија победи на Сунчане скале! 24632
Нека си заиграат едно рум дум думче со неа, ги бива за оро Македонија победи на Сунчане скале! 736967
hahaha Па во Србија колку е сакана..=P
 

Македонија победи на Сунчане скале!

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: