Фудбалската суперѕвезда, Кристијано Роналдо, попушта пред притисоците на славата. Без да внимава на својата безбедност, темпераментниот спортист во бесен испад го скршил стаклото на автомобилот со кој го прателе еден папарацо и 17-годишна обожавателка. Откако неколку дена го поднесувал наметливото однесување на папарацото и тинејџерката, Роналдо се разбеснил и среде улица излегол од своето возило за да се пресмета со натрапниците.
По инцидентот, Роналдо изјавил дека тој и неговата мајка Долорес имале намера да минат неколку мирни дена во Лисабон.
Најскапиот фудбалер на светот е навикнат да биде во центарот на вниманието, но здодевната двојка ужасно ја вознемирила неговата мајка.
Кога мајката конечно се пожалила, Роналдо не можел да го сокрие својот бес. Моќниот шут на славниот фудбалер лесно го скршил стаклото на автомобилот, и девојката била полесно повредена.
Фотографот и тинејџерката го пријавиле овој инцидент на лисабонската полиција. Роналдо веднаш го понудил своето извинување, но нагласил дека не може да вети дека во истите околности не би постапил на сличен начин.
Извор:
А1
Нед Jул 05, 2009 5:32 pm by Chris