Антипушачкото лудило низ светот кулминира со своите идиотски барања, а последно во низата е да се забрани Попај да им се прикажува на децата, бидејќи во устата имал луле!
Во склоп на забраната за промовирање на пушење на филм, едно антипушачко здружение од Ливерпул побара пред секое емитување на цртаниот филм за Попај морнарот задолжително да се стави дека е забрането за помлади од 18 години.
Покрај Попај, на удар би можеле да се најдат и многу други херои на цртаните филмови, кои понекогаш се појавуваат со цигара во раката или шепата.
Иако ова барање влезе во процедура и би можело да добие ’зелено светло’, градските татковци сметаат дека позади оваа идеја се крие најобична цензура.
Пoла Кавени, член на градскиот совет, вели дека во целост ја поддржува борбата против пушењето, но и дека смета оти не постои опасност децата да почнат да пушат гледајќи го Попај како го користи лулето како бродска сирена, или наместо отворач за конзервите спанаќ.
Кога веќе го забрануваат Попај заради едно луле в уста, тогаш се прашувам зошто не ги забрануваат и ретардираните цртани од типот на Телетабиси, како и оние во кои има насилство???! На ваков начин, испаѓа дека паролата на анти-пушачиве е:
НАСИЛСТВО ДА, ПУШЕЊЕ НИКАКО!
Пет Jул 03, 2009 8:09 pm by Chris