Ексклузивно е потврдено дека тинејџерската сензација Хилари Даф ќе глуми во новата сезона на серијата Gossip Girl.
Оваа актерка, модна дизајнерка и поп пејачка ќе ја игра Olivia Burke, филмска ѕвезда која се запишува на NYU во потрага по традиционално колеџ искуство. Завршува како цимерка на Vanessa (Jessica Szohr), па може со сигурност да се каже дека ќе студира драма.
Даф ќе дебитира во четвртата епизода од третата сезона, која би требало да се прикаже на 5ти октомври.
Чет Jул 02, 2009 3:53 pm by Bobi