Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeОд „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма!

Go down 
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! Empty
20090701
ПишувањеОд „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма!

По цел месец гласање и коментирање, завршија популарните виртуелни „ТВ форум награди“ кои се одвиваа на повеќе македонски форуми и блогови.
Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 7hg-logo-t
Вкупно 3220 гласови беа ажурирани во 21 категорија на првите не-официјални виртуелни награди во Македонија, односно по 153 гласови просечно на секоја анкета. Гласањето, како што веќе напоменав, се одвиваше на повеќе сајтови, вклучувајќи ги: форумот на Кајгана, Бадијала, Идивиди, сестраните Ангели и Серии МК, како и на официјалниот блог за хит-серијата LOST.

Статистички гледано, проектот е доста успешен, но не изостанаа ниту трилер битките во неколку категории кои предизвикаа дузина изненадувања кај посетителите.

Така на пример, Паркети со Елена беа „пократки“ за само еден глас од Сонцето (кое не го грее!) на Влатко Лозановски и кој ја доби важната музичка награда „Најдобра хит-песна на годината“.

Прилично тензично беше и во категориите за најдобра драма и комедија. Во првата Изгубени (привидно) имаа голема разлика против Очајните Домаќинки, но доколку ги поделите на пола добиените гласови од блогот за LOST од суштински причини (бидејќи, нели, се работи за фан блог за серијата!) ќе сфатите дека всушност во игра бил само еден единствен глас кој на крајот е клучен за победата на една од најпопуларните серии денеска.

Што се однесува до категоријата за најдобра комедија, Саут Парк без Кени (кој умре пo падот на Ербасот МК815) успејаа да го победат се’ попопуларниот ситком Како ја запознав мајка ви. Извори блиски до актерот Нил Патрик Херис (Барни) потврдуваат дека тој, не можејќи да се справи со „неправдата“ (негови зборови, не мои!) нервозно го раскинал на парчиња својот костум и се фрлил од својот стан на осмиот кат. За среќа, кога ова се случило, Џејкоб бил на местото на настанот па успеал да го врати во живот... (види ФОТО)

Кога сме веќе на тема серии, екипата на Лалола ја собра наградата за најдобра латино новела, а босанската „Луд, збунет, нормален“ беше одбрана за најдобра балканска серија - што е можеби и најголемото изненадување на вечерта (то ест, денот).

Доказ дека големите имиња и по смртта остануваат ГОЛЕМИ е апсолутната победа на незаменливиот Тоше Проески, кој победи во главната и најпрестижна награда - ГРАН ПРИ за годината, но и во категоријата за НАЈДОБАР АЛБУМ на сезоната, која всушност беше и првата доделена награда, без никакви дилеми и гласања!

Покрај Тошка, како победник од ТВ Форум наградите, си заминуваат и луѓето кои го оживеаја шоуто „Операција Триумф“. Шоу на кое му беа врачени исто така две награди: за најдобро балканско шоу и најголемо освежување...

Бугарскиот Идол може да му се заблагодари на Ф’нки (ТВ фаца на сезоната) кој е „виновник“ што шоуто доби една награда.

Ако си помисливте дека од наградите беа изоставени македонските новинари, водители и шоуа, длабоко се излажавте! Опуштениот Тони Михајловски сосема очекувано ја добива наградата за најдобро забавно шоу на годината, а Јанко Илковски со „Јади Бурек“ за најдобра контактна емисија.

Многумина не веруваат, но кога си опуштен работите и да не сакаш (а кој не би сакал се да е како што треба?!) - си течат во насока во која и самиот посакуваш...токму затоа Тони е единствениот македонски шоумен кој дома ќе си замине (односно, ќе си остане!) со две статуетки (Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 462314 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 606675 ) - втората во категоријата за најдобар водител.

Посетителите од женскиот пол, веројатно, во моментов не нарекуваат машки свињи како резултат на нивното изоставување од наградиве, па за да ја потсмирам ситуацијата широкоградо и ја честитам на сексапилната Иванна Хаџиевска (од Ексклузив) наградата во категоријата за најдобра водителка!!!

Харизматичниот Трендо пак, е причината што квизот „Кој сака да биде милионер?“ (победник во категоријата за најдобар квиз) и по четири години сеуште жари и пали кај македонската публика!

Сите добитници можете да ги видите тука.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! :: Comments

Преубава рецензија, Лостич, што имаш ти македонски?
Одлично, Лостич веќе одамна има од мене 5ка добиено Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 871427 По сета таа перфектна работа на неговиот форум можам да имам само пофални зборови Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 12263
Beauty напиша:
Преубава рецензија, Лостич, што имаш ти македонски?
Петка, го обожавам предметот! (освен кога морам да бубам граматика) Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 996773
Bobi напиша:
Одлично, Лостич веќе одамна има од мене 5ка добиено Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 871427 По сета таа перфектна работа на неговиот форум можам да имам само пофални зборови Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 12263
Фала ви и на двајцата. Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 871427

позз
Супер,немам зборови Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 871427
Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Откако се прогласени победниците, нашите најсакани АНГЕЛЧИЊА зеле да гласаат Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632 Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 24632
хахахахаха доста со Ангелчињата...ама смешни се стварно
Леле браво за текстов Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 606675 бутни се во новинарските или спикерските води, ке те биде Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма! 996773
 

Од „Операција Триумф“ до „Јади Бурек“ - најдобрите за изминатата сезона повеќе не се енигма!

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: