На неколку дена пред крајот на еден од најславните тениски турнири во светот, тениските асови се концентрираат на битката на терените на Вимблдон.Ана Курникова, некогашната ѕвезда на белиот спорт, деновиве избира поинакви битки.
Според таблоидот Пипл, славната убавица од тениските терени, во ноќниот бар Лаво во Лас Вегас, решила физички да се пресмета со девојката која го истурила својот пијалок врз неа. Девојката сметала дека пијаната Курникова премногу си дозволува.
Тенисерката го користела својот ѕвезден статус, барала присутните да се прилагодат на неа, скокала по подиумот и ги туркала луѓето.
Кога најпосле ја згазнала непознатата девојка, оваа не издржала и го истурила својот пијалок врз арогантната старлета. Курникова одговорила со бесни навреди и напади.
Девојката не издржала, ја зграбила тенисерката за вратот и ја турнала во ѕидот.
Присутните во луксузниот ноќен клуб во Вегас, биле почестени со вистинска женска тепачка и воопшто не им се брзало да ги раздвојат двете девојки.
Изгледа дека арогантната тенисерка го извлекла подебелиот крај. Гостите во клубот тврдат дека таа завршила со неколку модрици, размачкана шминка и повредено его.
Извор:
А1
Чет Jул 02, 2009 2:46 am by dijanape