Kетрин Џексон, мајката на Мајкл и бабата на неговите три деца, го доби привременото старателство над малолетните Мајкл Џозеф, Парис Кетрин и Принц Мајкл.
За следниот понеделник е закажано сослушување на кое ќе се одлучува судбината на децата Џексон.
Кратко пред смртта на Џексон, Деби Роу, мајката на двете постари деца, 12-годишниот Мајкл Џозеф и 11-годишната Парис Катерин, во разговор за магазинот News of the World, изјави дека никогаш повеќе не сака да ги види.
Иако тоа не е официјално потврдено, таа, сега, најверојатно ќе се обиде да го добие старателството кое со себе носи и право на располагање со нивното наследство.
Може да се очекува долга и напорна судска пресметка. Деби Роу веќе започна да игра валкано - таа тврди дека во двата случаја забременила со анонимен донор и по пат на вештачко оплодување.
Деби и Мајкл се запознале во средината на 80-тите години во болницата во која таа работела како медицинска сестра. По разводот од Лиса Мари Присли, Мајкл бил депресивен, осамен и се што сакал биле деца.
Деби тврди дека едноставно решила да му ги подари. Заминала во клиника и забременила со сперма од анонимен донатор.
Двајцата пријатели се венчале во 1996-та, за синот Мајкл Џозеф да се роди во брак. Тие никогаш не ја делеле брачната постела и Мајкл само нежно ја бакнувал во образ пред да замине во својата спална соба.
Втората бременост била проследена со компликации и Деби веќе не можела да раѓа. Поради тоа Мајкл не сакал да има ништо со неа и и платил да си замине. Уште тогаш знаела дека нема да ги види своите деца. Изјавила дека не чувствувала никаква поврзаност со нив и дека и олеснило кога грижата за нив ја преземал Мајкл.
Извор:
А1
Чет Jул 02, 2009 2:48 am by dijanape