Поранешната актерка од криминалната хит-серија „Сопранови“, Дреа де Матео, ќе и се придружи на Вистериа Лејн в идната сезона!
Дреа де Матео, позната по нејзината не-толку-домаќинска улога која ја играше во Сопранови (го оживеа ликот Адриана Ла Серва) се придружува во лудата заедница на Вистерија Лејн. Мајкл Аусиело од
EW.com објавил дека де Матео, која исто така беше дел и од неуспешниот спин-оф на
Пријатели -
Joey (Џои) на Мет ЛеБланк, во
Desperate Housewives ќе стане италијанска домаќинка која е во сродство со буцкалото Еди Брит (Никол Шеридан). Нејзиниот сопруг и дете во шоуто сеуште не се познати.
Актерката де Матео има способност да го промени нејзиното природно слатко и срамежливо однесување кое го прикажува пред новинарите, во вистински "pain in the ass" од карактер кој има за цел да остане запаметен кај публиката како плачлива кучка - нешто по кое што всушност и ќе го памтиме ова шоу. Нејзинатото цврсто, симпатично портретирањео на Адриана Ла Серва и донесе номинации на
ЕМИ и Златен Глобус наградите во 2004, а и покрај краткиот живот на Џои, таа успеа да им докаже на другите дека ја бивало и за комедијантка исто така...
Сите овие факти доволно говорат дека во последниве неколку години Дреа се покажа како одлична актерка, па од таа причина, фановите на Очајни Домаќинки не треба да се сомневаат во неа!
Вто Јун 30, 2009 8:28 pm by Chris