Сега дури најдов време да ја погледнам емисијата за Тоше на А1 и навистина ми се допадна. Убаво склопен мозаик каде што секој си ја раскажа својата приказна, своето доживување со него. Тоше ќе живее вечно и ако секој од нас ја раскаже својата приказна, како го доживеал Тоше. Иако напишав нешто во колумната еве јас ќе почнам: Значи на Мак Фест кога ја пееше морска ѕвездо. Си седиме , се сеќавам на пробата, не се сеќавам кој пробуваше тогаш и одеднаш хистерија, човече. Бркотница по салата. Се појави Тоше. Цела сала се испразни, сите го гушкаа, му бараа автограм, се сликаа...Тој што пробуваше мораше да прекине, затоа што едноставно не се слушаше ништо освен врескањата на девојчињата наменети за Тоше. Настапи и Тоше на пробата совршено...На финалето беше уште подобар. Победи, Ристо Самарџиев што победи и се сеќавам влеговме во ВИП делот на Мак Фест, каде што се учесниците....Ведар,насмеан , како и секогаш....Немаше ни малку лутина кај него или љубомора... Ги забавуваше сите...Гласно се смееја сите со него...Сите сакаа да се поблиску до него, да земат дел од него...Немаше,таму камери...Таму си беше вистинскиот Тоше....Едноствен, скромен, голем, со љубов кон сите....Да, сум бил подоцна на негови настапи, концерти и секогаш го паметам како таков,ведар и насмеан.
Ве замолувам, сите членови на форумот да ми ја подржите идејава, да ги раскажеме наште приказни, да склопиме наш мозаик....