Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeТоп 10 гиковски ТВ серии Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Топ 10 гиковски ТВ серии

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Топ 10 гиковски ТВ серии Empty
20090627
ПишувањеТоп 10 гиковски ТВ серии

Топ 10 гиковски ТВ серии 090101%20Top%2010
Решивме да создадеме листа на топ (нај)гиковски ТВ серии во последните
неколку години. Во листата поголемо значење им придадовме на поновите и
поактуелни серии кои сеуште се снимаат и прикажуваат. Но секако, не
заборавивме да вклучиме и неколку постари хитови.. :) Доколку сме
пропуштиле некоја ТВ серија која вреди да се спомне, слободно вклучете
ја во коментарите.

Во продолжение следи листата на топ 10 гиковски ТВ серии според IT.com.mk:
1. The Big Bang Theory

Топ 10 гиковски ТВ серии 1_big_bang_theory

Американска комедија создадена и продуцирана од Чак Лор
и Бил Прејди, која за прв пат почна да се прикажува на каналот CBS на
24 Септември, 2007 година. Одлична приказна, во која како главни
карактери се појавуваат експериментален физичар по име Леонард и
Шелдон, теоретскиот физичар. Двајцата карактери, гикови по природа,
живеат наспроти една атрактивна плава девојка, Пени. Гик културата е
промовирана низ целото шоу, дури и преку двата најдобри пријатели на
физичарите, Хауард и Рајеш. Досега се снимени две цели сезони, а е
планирана и трета. Во Македонија, шоуто го пренесува Канал 5 телевизија.
2. The IT Crowd

Топ 10 гиковски ТВ серии 2_the_it_crowd
Крајно занимлива комедија, создадена од Грахам Линеан, а продуцирана
од Аш Атала на британскиот Канал 4. Серијата досега има добивано
неколку награди, меѓу кои и интернационално Еми. Целото шоу се одвива
во канцелариите на компанијата Reynholm Industries, измислена
корпорација во централен Лондон, а како главни карактери се појавуваат
Мос и Рој од ИТ тимот на компанијата, меѓу кои е и менаџерката Џен,
која не се разбира во ИТ. Досега постојат три сезони, а закажана е и
четврта која ќе се прикажува во 2010.
3. Futurama

Топ 10 гиковски ТВ серии 3_futurama
Анимирана ТВ серија, создадена од Мат Гроенинг, кој исто така е и
создавач на The Simpsons. Серијата се одвива во 3000 година, во градот
New New York. Постојат неколку главни карактери, предводени од Филип
Фрај, роботот Бендер, и мутантот Лила. Навидум бескорисен цртан филм,
но серијава изобилува со доста интересни и комични сцени. Досега има
добивано голем број на награди што докажува за најзиниот квалитет... и
иако се снимени само 5 сезони од 1999 до 2003 година, до ден денеска се
прикажува на каналите низ светот.
4. Quantum Leap

Топ 10 гиковски ТВ серии 4_quantum_leap
Quantum Leap е постара серија, снимена во периодот од март 1989 до
мај 1993 година, создадена од Донал Белисарио. Главниот карактер е
докторот Сем Бекет, научник кој останува заробен во времето при еден
експеримент. На неговите патувања низ времето го придржувуа неговиот
најдобар другар Ал, кој се појавува во вид на холограм видлив само на
Сем. Снимени се 5 сезони со вкупно 96 епизоди. Малку покласична серија,
но вреди да се погледне.
5. Battlestar Galactica

Топ 10 гиковски ТВ серии 5_battlestar_galactica

ТВ серијата BattleStar Galactica започна со регуларно
емитување од 2004 до 2009 година. Приказната се одвива така што во
далечен дел од универзумот, цивилизација од луѓе живее на неколку
планети, познати како 12 колонии. Човечката раса војува со кибернетичка
раса, а по еден голем напад, од човечката цивилизација остануваат само
неколку преживеани кои патуваат низ вселената. Под водство на
командирот Адама, тимот од бродот BattleStar Galactica патува во
потрага по планетата земја. Серијата во Македонија се емитува под
насловот "Борбена ѕвезда - Галактика" на Канал 5.
6. Chuck

Топ 10 гиковски ТВ серии 6_chuck

Chuck е понова комедија создадена од Још Швартц и Крис
Федак. Станува збор за серија во која главен карактер е Чак, класичен
компјутерџија кој добива енкодиран е-маил од постар пријател од
факултет кој сега работи за ЦИА. Енкодираната порака во која се
вклучени најголемите светски тајни се трансмитира во мозокот на Чак.
Серијата се емитува оргинално на NBC, досега се снимени две сезони, а е
порачана и трета откако гледачите на шоуто создадоа кампања во која
бараа од продуцентската куќа да продолжи со снимање. Во Македонија
сеуште никоја телевизија не ја емитува серијата, но затоа може да се
најде преку кабловска телевизија на хрватскиот RTL.
7. Numb3rs

Топ 10 гиковски ТВ серии 7_numb3rs
Numb3rs е серија продуцирана од браќата Ридли и Тони Скот. Главната
улога ја игра спцијалниот агент на ФБИ, Дон Епес и неговиот брат, Чарли
Епес, кој е математички генијалец. Браќата, поддржани од таткото Алан
Епес, си помагаат едни на други во разрешувањата на разни криминалните
дела. Шоуто во САД се прикажува на CBS телевизија и содржи 5 сезони,
додека во Македонија е пренесувана од Алфа ТВ.
8. Heroes

Топ 10 гиковски ТВ серии 8_heroes
Heroes е драма создадена од Тим Кринг за NBC. За прв пат се објави
на 25 Септември, 2006 година и започнува со раскажување на приказни на
разни индивидуални лица ширум светот кои на мистериозен начин развиваат
надчовечки способности. Подоцна во серијата, лицата се обединуваат на
разни начини и се здружуваат со цел да го спасат светот. Одлична ТВ
серија чија приказна го презема стилот на класичните амерички стрипови.
Во Македонија е емитувана од Сител телевизија.
9. Fringe

Топ 10 гиковски ТВ серии 9_fringe
Уште една научно-фантастична серија создадена од Џ. Џ. Абрамс, Алекс
Куртзман и Роберто Орси. Серијата ја прикажува работата на еден ФБИ
оддел лоциран во Бостон, кој е под директен надзор на Одделот за правда
на САД. Тимот користи неетички тактики и технологии за да помогне во
истрагата на криминални дела кои неможат да се објаснат на друг начин.
За прв пат беше прикажана на Fox телевизија во септември, 2008 година а
досега се снимени 20 епизоди од првата сезона.
10. StarGate

Топ 10 гиковски ТВ серии 10_stargate

Stargate е воен научно-фантастичен серијал составен од
неколку делови, започнувајќи од филмот кој беше објавен во 1994 година,
а чија приказна беше продолжена три години подоцна преку телевизиската
серија Stargate SG-1. До денеска се емитувани разни делови од ТВ
сериите, покрај SG-1, и Atlantis, Universe и Infinity. Станува збор за
откривање на вселенска дупка која овозможува телепортација низ
вселената, која на Земјата се држи во тајност од јавноста и развивање
на приказни поврзани со неа.
Бонус:
11. Star Trek

Топ 10 гиковски ТВ серии 11_startrek

Неможе да се создаде една ваква листа без да се спомне
класиката Star Trek, американска ТВ серија создадена од Џин Роденбери
која започна да се емитува во 1966 година. Постојат неколку серијали,
оргиналниот Star Trek (снимени од 1966-1969), анимираните серии (од
1973-1974), Star Trek: Phase II (1987), The Next Generation
(1987-1994), Deep Space Nine (1993-1999), Voyager (1995-2001) и
Enterprise (2001-2005).
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Топ 10 гиковски ТВ серии :: Comments

Losteech
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Саб Јун 27, 2009 1:36 pm by Losteech
Изборот е тапа. Не за друго, Heroes да ги спомнеш во оваа конкуренција, а LOST не?! Хехе, што се нема да прочитам деновиве. :)
avatar
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Саб Јун 27, 2009 11:05 pm by Beauty
И во главно, како што гледам, сето ова се научно фантастични серии (бар повеќето)
Losteech
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Нед Јун 28, 2009 3:21 am by Losteech
Beauty напиша:
И во главно, како што гледам, сето ова се научно фантастични серии (бар повеќето)
Да, затоа што тие бараат најмногу „проучувања“ додека ги следиш. Гик = бубалица, а во случајов терминов означува опсесивно следење на серијата и различни теории кои се развиваат во врска со истата.
А во тоа нешто, Изгубени, колку и да не сакаат одредени луѓе да признаат (или да го прифатат фактот) се ПРВИ.
Bobi
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Нед Јун 28, 2009 3:57 am by Bobi
Big Bang Theory на Канал 5?
avatar
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Нед Јун 28, 2009 1:35 pm by Beauty
Чудно? Али сега проверив на Википедија, на таа страна за серијата пишува дека Канал 5 во Македонија ја пренесува серијата, што значи наскоро
Bobi
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Нед Јун 28, 2009 1:55 pm by Bobi
Јас сакам FRINGE, CHUCK и BIG BANG THEORY да ги гледам. Но не секогаш тоа се точни информации, може било кој да го напише по негова желба Топ 10 гиковски ТВ серии 353532
Rebellious angel
Re: Топ 10 гиковски ТВ серии
Пишување Нед Јун 28, 2009 2:17 pm by Rebellious angel
Јас Chuck планирам летово да ја изгледам, The Big Bang Theory ќе ја догледам летово, Fringe некаде понатаму ќе ја гледам, а Heroes ја чекам новата сезона. Топ 10 гиковски ТВ серии 871427 Другиве многу не ме привлекуваат.

Ианку, супер ако оди TBBT на Канал 5.
Топ 10 гиковски ТВ серии 871427
 

Топ 10 гиковски ТВ серии

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: