| AMOR GITANO, Televisa|1999 | |
|
+5STAR Posh Girl solange Bobi Beauty 9 posters |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 8:01 pm | |
| Жешка љубов е историска мексиканска мини теленовела која зборува за едно историско време каде грофовите владееле со животите на жените и на обесправените, време каде Циганите не се ни сметале за луѓе, време на сурови неправди и забранети романси. Жешка љубов е приказна за страста и авантурите со константни моменти на исчекување и возбуда за гледачите, а е режирана од Педро Дамијан. Карлос Енрике Иглезијас ја пее насловната песна Amor Gitano. Жешка љубов – Amor Gitano Земја на потекло: Meксико Година: 1999 Епизоди: 55Ова е превозбудлива приказна за искрената љубов родена меѓу богатата маркиза Адријана де Асатолфи и Ренцо Циганот во време каде такви љубови се сосем забранети, циганскитеплемиња се прогонувани, а богатите девојки се верени и за богати грофови. Но уште на почетокот, нивната љубов наидува на пречка од богатиот гроф Родолфо Фарнесио кој по секоја цена сака да се ожени со убавата Адријана. За да го раздели Циганот од неговата идна сопруга, дон Родолфо го обвинува Ренцо за злосторство кое не го сторил и затоа го испраќа на доживотна робија на злогласниот Остров на осудениците. Таму Ренсо го чека вистински пекол, тој знае дека никој жив не излегол од тој остров и е подложен на секојдневна макотрпна работа, измачување и експлоатација...а сите затвореници се осудени на тој остров на смрт затоа што на еден или друг начин им згрешиле на благородниците, како што и Ренсо му згреши на Фарнесио затоа што се вљуби во маркизата. Откако Адријана дознава што се случило со нејзиниот сакан Ренсо, заминува на островот претставувајќи се како Луна, една од затвореничките. Ренсо е убеден дека Адријана го испратила на тој остров, па нивната љубов се претвора во меѓусебна омраза. Родолфо дознава за неверството и измамата на неговата вереница, заминува на островот и повторно ги разделува Ренсо и Адријана, и со тоа Адријана ја враќа во градот во богатата вила. Адријана добива амнезија и е приморана да стане сопруга на злобниот гроф. Од друга страна,. Ренсо успева да ги прелаже чуварите на островот и да избега, а во градот се враќа со сосем друг идентитет, сега е богат човек чија единствена цел е да му се одмазди на Родолфо Фарнесио за злото кое му го нанел. Во богатиот Ренсо се вљубува и злобната и користољубива проститутка Иса Валенти, чија единствена цел е на било кој начин да стане богата, дали преку Ренсо, Фарнесио или братот на Адријана, маркизот Умберто Астолфи. Иса Валенти и грофот Фарнесио до самиот крај ќе се обидуваат на секој можен начин да ги разделуваат Ренсо и Адријана, а сега најголема пречка им претставува детето на Адријана, кое е всушност и син на Ренсо... Меѓутоа најголемиот проблем за грофот настанува откако ќе дознае дека Ренсо е всушност вистинскиот наследник на богатството на Фарнесио, Rенсо е синот на страиот Клементе Фарнесио...и затоа Родолфо сфаќа дека Ренсо мора да умре! Улоги: Маурисио Ислас, Мариана Сеоане, Хектор Санчез, Наилеа Норвинд, Алехандро Камачо, Мануел Охеда, Мариа Рубио, Ракел Олмедо | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 8:11 pm | |
| Не ја гледав серијава, а и не знам дали се емитуваше кај мене на локална... мислам дека не, бидејќи се емитувала на некоја скопска телевизија, така да, тешко да ќе го гледав ова | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 8:14 pm | |
| Серијава беше феноменална! Премногу авантури, премногу интересни случки, работи кои во др серии и немаме гледано, мене ми беше супер, навистина серијава, цела ја изгледав, и ЦЕЛА беше преинтересна и превозбудлива, а имаше само 55 епизоди Иначе мора да се давала сегде у Македонија, на МТМ одеше, а сега секоја година од тогаш ја репризираат на БТРциганската заедно со Касандра така да и вториот пат кога идеше на БТР ја гледав, мн интерсна серија, а и глумците не беа лоши, дотогаш само Маурисо Ислас го знаев | |
|
| |
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 9:04 pm | |
| Jas mislam deka na edna lokalna ja davaa pred nekolku godini i izgledav nekolku epizodi! Mene mi e mnogu neobicna,i znam deka ovie dve nemaat nikakva vrska ali me potseka na Maliot Grad Inferno! | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 10:18 pm | |
| Па што знам, многу малце , ама мн малце потсеќа на таа, али стварно немаат врска, Инферно мене барем ми беше морничава серија, а оваа е мн мн повозбудлива и од Инферно и од многу други мексикански серии | |
|
| |
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Сре Ное 19, 2008 11:21 pm | |
| Mene i dvete mi se mornicavi i nekako slicni entradi imaa,neznam....mozda gresam. | |
|
| |
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Саб Ное 22, 2008 3:18 pm | |
| Lele kolku si ja sakam Mariana. Edna od najtalentiranite akterki e. Poradi toa sakam da ja gledam serijava. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Саб Ное 22, 2008 3:20 pm | |
| не си ја гледала? епа дојди во Скопје, на БТР циганската телевизија, серијава кај да е, треба да почне, како секоја година што се дава | |
|
| |
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Саб Ное 22, 2008 3:21 pm | |
| Ja imas gledano serijava? 100 posto e zakon. | |
|
| |
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Нед Ное 23, 2008 8:53 pm | |
| Procitav veke. Sekogas gi citam tvoite i mislenjata na drugite. | |
|
| |
Гостин Гостин
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Чет Јун 25, 2009 10:46 pm | |
| вештерката од рајска бура уф ја мрзам а и серијава не беше нешто посебно-едвај се секавам на неа |
|
| |
STAR Член
Број на мислења : 243 Registration date : 2009-08-13
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Чет Aвг 13, 2009 4:49 am | |
| Serijava mi ostavi dobar vpecatok.Mariana Seoane odlicno ja odigra glavnata uloga. | |
|
| |
Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Чет Aвг 13, 2009 12:16 pm | |
| Првпат слушам за оваа серија | |
|
| |
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пет Aвг 21, 2009 8:19 pm | |
| Една од моите омилени новели.Фантастичниот амбиент,музика,уверливата глума,романтичните сцени помеѓу протагонистите,а и малиот број на епизоди,е причината што оваа новела ме остави без здив.Ја имам цела на ДВД,а деновиве планирам да направам примерок и на скратена верзија. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пет Aвг 21, 2009 8:26 pm | |
| А ти си нов член, а, член кој сака теленовели, пишува на кирилица и се разбира од дискусија и мислење, секоја чест, се надевам редовно ќе пишуваш. И мене ми е многу драга оваа серија, сплетки, интересни локации и костимографија, интересна тема, мистерија, така да доста интересна серија | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пет Aвг 21, 2009 8:27 pm | |
| [quote="Beauty"]А ти си нов член, а, член кој сака теленовели, пишува на кирилица и се разбира од дискусија и мислење, секоја чест, се надевам редовно ќе пишуваш. И мене ми е многу драга оваа серија, сплетки, интересни локации и костимографија, интересна тема, мистерија, така да доста интересна серија[/quote Хаха Дани ама си љубезна со новите членови, ама стварно и мене ме радува што има вакви добри членови подготвени за дискусија и дебата околу новелите. Добредојде Пит | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| |
| |
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пет Aвг 21, 2009 8:33 pm | |
| Благодарам на убавите зборови.По некоја коинциденција го имам истото мислење за тебе.Имав можност да прочитам дел од твоите мислења,и од тој аспект можам да забележам дека се работи за личност која одлично се изразува.Драго ми е дека ти се допаѓа оваа новела! Голем поздрав! | |
|
| |
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пет Сеп 18, 2009 1:23 am | |
| Ја имам гледано неколку пати серијава и интересна ми е поради малиот број на епизоди и не е толку развлечено дејството па еден ден во серијата да трае 3-4 епизоди што барем мене ми е навистина досадно и бескорисно. Содржински интересна е серијата, а костимографијата ми е најдобра од се посебно на Адријана (Мариана Сеоане) | |
|
| |
Lucero`Adela`Thalia Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 120 Birthday : 1994-06-26 Age : 30 Registration date : 2009-09-20
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Нед Сеп 20, 2009 2:18 pm | |
| Hace unos meses yo vi esta novela y me gusto mucho. Mariana Seoane es maravillosa y hizo muy bien su papel. Mariana y Mauricio tienen mucha quimica, son una gran pareja. Nailea Norvind es simplemente excelente en el papel de villana, Alejandro Camacho tambien. | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 Пон Фед 08, 2010 7:02 pm | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: AMOR GITANO, Televisa|1999 | |
| |
|
| |
| AMOR GITANO, Televisa|1999 | |
|