Алборада - Alborada Земја на потекло : Мексико Година : 2005 Епизоди : 90
Серијата Алборада е романтична и историска мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2005 година, со 90 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2006 година, најдобар актер, актерка, негативка. Продуцент на оваа теленовела е познатата мексиканска продуцентка Карла Естрада, која се прослави со сериите Љубовни Врски, Алондра, Право на Љубов, Извор и Вистинска Љубов. Кај нас оваа серија се емитуваше на Сител телевизија, и имаше голем успех. Насловната нумера во Алборада ја исполнуваше познатиот светски оперски пејач Пласидо Доминго. Приказната на теленовелата започнува во селото Санта Рита во Панама, во колониската доба, времето во кое сиромашните биле огорчени од аристократијата. Во средината на приказната е убавата Марија Иполита која живее со нејзиниот маж Антонио, кој е импотентен, и неговата мајка, злобната Аделаида. Марија Иполита била присилена да се омажи за Антонио, поради богат изглед, од нејзината баба Карлота. Но се, се уништува кога Аделаида дознава дека Антонио нема да биде наследник на наследството на неговиот чичко, само поради тоа што нема дете. Поради тоа, Аделаида, со помош на своите слуги, им наредува да го грабнат актрактивниот бегалец Луис Манрике, и да и направи бебе на Марија Иполита, и како да таа мисле дека тоа е Антонио. За возврат Аделаида, ќе му помогне на Луис да отиде во Мексико. Сето тоа се случува, Луис таа ноќ води љубов со Марија Иполита, а утре дента и кажува се што се случува без да и го каже неговото име, и неговото лице, и заминува во Мексико. Огорчена поради злобното дејство на нејзината свекрва, Марија Иполита одлучува да замине во Мексико, со помош на нејзината слугинка. Поминуваат три години, Марија Иполита конечно пристигнува на имотот на нејзината мајка Асунсасион, со нејзиното дете Рафаел, и нејзината слугинка. Сакајќи да го пронајде таткото на нејзиното дете, Марија Иполита ќе се најде во круг на интриги и насилства кои ги преводи Дона Хуана, сестра на бившиот гроф де Гевара, и мајка на Луис. Таа крие дека сегашниот гроф злобниот Диего, е нејзин син, а исто така и дека не е вистинскиот гроф. Поради доаѓањето на Марија и Луис во Мексико, таа почнува да води валкана игра, бидејќи знае дека скриените тајни може да излезат на виделина. Кога повторно ќе се сретнат со Иполита, Луис сфаќа дека Рафаел би можел да е неговиот син и истакнат од нежните чуства кон Иполита, ќе бара излез од догворорениот брак со Еспренца, болна и слаба жена, со која бил присилен да се венча заради семејна традиција...
Не знам зошто има многу што кажале дека оваа им била досадна серија, мене после Вистинска љубов оваа ми е најдобрата костимирана добро од погледани 4 заедно со Зоро и Страст, сепак Карла одлично ја направи, и ја изгледав цела во еден здив... одлична новела
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Чет Ное 13, 2008 8:35 pm
Баш сега додека гледав некои видеа на Јутјуб, пак се потсетив на серијава, сеуште не можам да верувам дека мене многу ми се свиѓаше, после Вистинска љубов дефинитивно најдобрата костимирана, а воедно и ми се свиѓаше оваа како и сите други од Карла, освен Страст која е единствен натрапник .
Не знам зошто но според моите сознанија имаше многумина на кои им била досадна серијава, мене баш ми имаше одлични заплети, смртта на Хуана и Диего, па кога требаа да ја убиват Иполита на плоштад пред сите, неверојатна новела, баш сакам да ја гледам пак некаде, се надевам локалните ќе ја репризираат.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Чет Ное 13, 2008 8:46 pm
и мене ми беше фантастична серија, секако имаше и досадни моменти, кои одма се забораваат, али некои моменти ги имаше само во оваа серија може на Сител да ја дадат одсабајле или на локалниве сега вашите од 19 да иде, којзнае
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
Денеска исто така ја гледав и од оваа серија првата епизода, што се изненадив колку досадна беше, некако ептен беше мрачна епизодата, само околу водењето љубов на Иполита со овој Луис, па заверите на таа Аделаида, но сепак за мене неверојатна новела, првата епизода може не толку добра, но како одеше напред серијава беше лудило, посебно колку беа напнати последните епизоди
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Пон Јан 05, 2009 12:22 am
Ubava bese serijava.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
момент за паметење: Иполита кога ќе ја камшикуваат на плоштадот, последните сцени со грофот и неговиот сифилис иначе за мене почетокот беше конфузен, испомешан и напорен
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
момент за паметење: Иполита кога ќе ја камшикуваат на плоштадот, последните сцени со грофот и неговиот сифилис иначе за мене почетокот беше конфузен, испомешан и напорен
Ekstra bese krajot
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
Da, krajot bese zakon. Grofot i sifilisot isto taka bese originalno.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Пет Јун 05, 2009 2:36 am
Една од подобрите сцени, Даниела Ромо ми беше легендарна во новелата. Ова е сцената кога Хуана беше пијана, одлично изглумено
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Пет Јун 05, 2009 11:40 am
Одлична глума,само се избрука во Патишта на Љубовта
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Пет Јун 05, 2009 12:46 pm
глупа серија, вопшто не ми се допадна
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: ALBORADA, Televisa|2005 Пет Јун 05, 2009 1:50 pm
Мене ми беше супер серијава, малце напорна беше на моменти, но во главно одлична мексиканска серија од Карла. За мене оваа од трилогијата на Карла ми е најдобра, воедно класа глумци имаше кои глумеа одлично
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
Најинтересна ми беше од сите три костумирани, иако концепциски овие серии се поразлични од Алондра и не може да се мерат со толку топла класика како Алондра. Сепак, поразлични се овие три, имаше многу многу ликови во секоја од трите серии и многу сплетки и настани, поготово во Алборада. Малце чудно со преводот, тоа значи Зора, Будење, нели? Која е логиката да во преводот го ставиш оригиналниот налсов и да поголем процент од гледчаите немаат појма зашто серијата се вика Алборада? Тоа го направија Пинк и Сител со преводот на насловот. Најинтересен и најсмешен лик ми беше грофот.
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
Хаха,само кога ќе се сетам како ,,Pink'' ги преведуваат тв новелите. Инаку мене посебно ми се допаѓа најавната шпица на оваа тв новела.Се наежувам од песната и извонредниот глас.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Да, Карла секогаш ги вика најдобрите музички имиња, во Алборада беше Пласидо Доминго . Инаку Бугарите се најсмешни со преводите, Србите не се ништо спрема тоа. Алборада океј беше преведена РАЗБУДУВАЊЕ (Пробуждане ), ама PASION ми беше најјак превод „Пепелна страст“ Што има врска пепел овде, прашлива страст?
Мене Вистинска љубов ми е подобра од Зората Ама сцената кога Марија Иполита ќе биде на плоштадот за да ја убиваат, прејезиво нешто, патем и Фернандо Колунга таму и во Вистинска љубов ми е многу подобар отколку во Страст и Manana es para siempre.