Петнаесетгодишниот Калвино Инман од Роквуд, Тенеси неколкупати на ден плаче крвави солзи, а лекарите сè уште не можат да ја откријат причината за оваа појава.
Неговите солзи не се последица на тага или било какво друго чувство, туку самостојно почнуваат да навираат. Кога за првпат се протркалале низ неговото лице, проследени со пецкање, Инмам помислил дека умира. Неговата мајка Теми Минат вели дека тоа бил најстрашниот момент кој го доживеала.
Иако докторите се сомневаа на haemolacria, симптом на многу болести, почнувајќи од тумор, па се до бактериски конјуктивитис. Сепак компјутерската томографија, магнетната резонанца и рендгенот не открија ништо.
Калвиновиот крвав плач понекогаш трае неколку минути, но некогаш солзите се леат и по повеќе од еден час.
- Пријателите велат дека сум опседнат. На почетокот ме болеше, но сега веќе се навикнав, вели Инман.
Младото момче и неговата мајка досега посетиле повеќе специјалисти, но ниту еден не успеал да ја најде причината за појавата. Инмам сè уште нема дијагноза, а не па терапија. Ова не е прв ваков случај. Рашиди Катон од Индија проплака крвави солзи во април годинава, а оттогаш нејзините сожители ја сметаат за светица, па на неа и се молат.
Твинкл Двиведи (13) исто така од Индија, лее крвави солзи од пет до 20 пати на ден, но крв и тече и од носот, челото, вратот и стапалата без да се исече. Поради болеста Двиведи повеќепати пати завршила на трансфузија бидејќи, честопати и се случува да изгуби премногу крв. Нејзините сограѓани сметаат дека таа е проколната.
Саб Сеп 05, 2009 11:31 pm by Chris