|
|
| SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 | |
| | Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 3:20 pm | |
| Se Dice Amor - Се вика љубовПериод на емитување: 1 декември 2005 - 15 декември 2006 Број на епизоди: 260 Кратка содржина:Ова е приказна за Баутиста, истакнат аргентински спортист, кој успева да го освои срцето на прекрасната Ноел, девојче од пониска класа, но и покрај тоа не може да ја заборави големата љубов кон Флоренсија, жена од повисоко друштво, обвинета невина за криминал кој не го извршила, и со тоа завршила во затвор. Баутиста е сега насочен кон крстопат. Од една страна е љубовта кон благородната Ноел, а од друга желбата повторно да ја добие Флоренсија, отфрлена од општеството и покрај нејзината невиност. Против негоз астанува и неговиот себичен татко, кој не само што е негов ривал во спортот, туку игра и валкано против синот во стремежот да му ги земе сите жени, кој тој успева да ги добие. Во минатото тој ја пратил Флоренсија во затвор, за да покаже моќност над својот син. Тој сега и покрај тоа што ја одобрува љубовта на Ноел и Баутиста, тој бавно и своевидно планира план, во кој Баутиста ќе излезе повредениот. Каталина, ќерката на Флоренсија и Баутиста е уште еден лик, пред кој Баутиста треба да се исправи поради тоа што доаѓа времето да реши на кого треба да го оддаде своето срце за вечна љубов. Во серијата се мешаат љубовта, измамата, вината. За љубовта понекогаш треба време, но дали тоа ќе биде доволно за главните ликови да ја докажат својата вистинска љубов...? | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 4:38 pm | |
| Оваа Боби да не е Кристина од веб новелата? Инаку, права сапуница, така делува, али бар реално дејството би било | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 5:16 pm | |
| - Beauty напиша:
- Оваа Боби да не е Кристина од веб новелата?
Инаку, права сапуница, така делува, али бар реално дејството би било Да, Кристина од „Другата страна на животот“ Инаку серијава се емитуваше во попладневниот термин. | |
| | | gaby Успешен Член
Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 5:48 pm | |
| Ова е уште една од класиките на Естеванез во чиј наслов нормално мора да се содржи зборот 'amor' Meне прилично ме замараат ваквите содржини и големиот број ликови а посебно не ги сакам неговите серии во кои глуми синот. Сепак за повозрасните гледачи мислам дека е добро да се даваат, колку толку има квалитет за разлика од Телевиса. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 6:21 pm | |
| Зашто за повозрасните гледачи? Ако ова е за повозрасни, онда за кого е Ресистире? Jaс уживам во аргентински драми, како што они ми го креваат адреналинот и напнатоста, ниедна друга серија не го прави тоа. Кога би бирала сапуница од Телевиса и од Аргентина, нормално дека Аргентина би одбрала затоа што аргентинските продукции самите тие вообичаени и клише сплетки ги прават многу поинаку, многу поинтересно и различно, иако морам да признаам дека и во аргентинскиве сапунчиња има досадни елементи. Ех кога би давале вакви сериии.... со задоволство би гледала | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 6:28 pm | |
| Да, имам приметено дека тој Естеванез секогаш скоро го употребува зборот „љубов“ . А не знаев дека му е син тој, тој нели е ниа што глумеше во Профа, син на Освалдо Лапорт? | |
| | | gaby Успешен Член
Број на мислења : 861 Location : Скопје Registration date : 2008-08-30
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 Сре Aвг 26, 2009 6:37 pm | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 | |
| |
| | | | SE DICE AMOR, Telefe|2005/6 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|