Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: EL DESEO, Telefe|2004 Нед Aвг 16, 2009 4:10 am
„Желбата“ е мистериозна и драматична теленовела која започна со емитување на Телефе во 2004 година која имаше огромен успех на каналот каде што се прикажување. Првата епизода имаше гледаност од 27,1%. Мини теленовелата отпрвен се емитуваше секој работен ден, а по неколку месеци беше емитувана и еднаш неделно, секој вторник во 23,30ч. Насловната нумера ја исполни Наталија Ореиро, која воедно е и главната глумица во оваа еротска мини драма.
El Deseo (Pueblo Chicho) - Желбата Период на емитување: 19 април 2004 - 29 септември 2004 Број на епизоди: 68
Синопсис:
“El Deseo” е мало село, кое има извор со исцелителна минерална вода. Повеќе од 20 години, сопственик на овие извори и санаториум е Далмиро Бернал и неговата сопруга Мерседес.
25 години поминале откако 18-годишната, Мерседес забременува од Флауто. Со намера да се реши од детето, девојката, која ништо не му кажува на својот сакан, заедно со родителите заминува за Буенос Аирес. Од страна изгледа така, но сеедно Мерседес заминува да се образува. Во главниот град, откако се предомислила за сè, таа решава да не направи абортус, а после раѓањето да го даде детето на посвојување. Родителите ја предупредуваат дека Мерседес е силно поврзана кон детето и не ќе може да се оддели од него кога ќе дојде времето. За тоа тие кажуваа на пораѓањето дека детето се родило мртво. Вистината, е дека детето кој е крстен од новите родители, Кармен, се појавува на бел свет потполно здраво.
После 25 години, Кармен пристигнува во селото „Желбата“ каде што живее нејзината вистинска мајка. Таму девојчето се сретнува со маж, кој ќе и го промени животот. Хавиер се појавува во селото заради својата работа, но нема желба да останува долго и планира да го напушти набргу. Но благодарение на Далмиро, мажот ја добива работата, за која оддамна ја посакувал – сопственик на месното радио.
Но малку тајни крие селото „Желбата“. По неизвесна причина, жителите на селото не одат во регионот на калта. Исто така не сакаат ни да помислат на загатките од минатото. Матните води на калта ги заплашува да не ги уништат прозрачните води на исцелителните извори.
Последната промена е направена од NateArchibald на Нед Aвг 16, 2009 4:29 am. Мислењето е променето 1 пати
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: EL DESEO, Telefe|2004 Нед Aвг 16, 2009 4:14 am
Многу сакам да ја гледам серијава, иако мислам дека се разликува од другите на Наталија
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: EL DESEO, Telefe|2004 Нед Aвг 16, 2009 4:32 am
И јас одамна имам мерак да ја гледам серијава, а никогаш не сум имал можност. Изгледа предобра! Проституација, драма ухх и премногу еротски сцени знам има затоа и секогаш била во касниот вечерен термин.
Шпица:
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Прво, да те поправам. El deseo не го постигна посакуваниот успех. Почна со емитување по Resistire и намерата на авторите (истите од Resistire: Марио Сегаде и Густаво Белати) беше да се повтори тој успех... Арно ама не им успеа, повеќето велат зашто Аргентинците не се навикнати да ја гледаат Наталија Ореиро во тоа светло. Набрзо почна со слаби рејтинзи и решија да ја скратат и заврши со 68 епизоди.
А за тоа дека е одлична Е! Пола ја имам изгледано, ама прекинав зашто тогаш имав лимитиран нет и сега не ми се продолжува, малку памтам. Но еден ден дефитинивно ќе ја изгледам цела зашто навистина вреди, одлична серија со многу интересна мистерија. Плус, Наталија Ореиро, Соледад Силвеира и уште куп други врвни актери. Мераци.
Многу ми е криво што ваквите серии не побудуваат никаков интерес кај нашите телевизии. Сигурно не е скапа, и што ги чини да одвојат еден вечерен термин. Секако ќе се најдат гледачи...
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Колку интересно - класична приказна испомешана со мистериозни теми околу селото. За ова имав одамна слујшнато, но никаде немав прочитано за некаков успех на серијата. И што, 68 епизоди за вас се малку и се епизоди за мини серија? Не! Па и Невината сопруга имаше толку епизоди отприлика, па и Росалинда имаше 80 епизоди па беше и те како теленовела. А1 има некој си демек договр со Телефе, но изгледа откупуваат само една серија од нив, сега тоа е Ангели, па којзнае кога пак ќе земат. Единствено се надевам во сериите на Телефе дека ќе дојдат кај нас а да не поминат претходно во некоја друга екс Ју земја
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Не, не, тоа јас така си претпоставувам, во скеој случај А1 соработува директно со Телефе, тоа е факт. Не за џабе Хулиета Ортега (некоја си од Телефе) им честиташе на реклама роденден на А1 пред 2-3 години. Имаат соработка, тоа е факт, ете Ангели ја земаа први на Балканот, али дај Боже и други серии да земат директно од Телефе
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Ке беше добро некоја позната глумица да им честита роденден, а не некоја која никој не ја видел во ниту една серија
Mimi Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 135 Birthday : 1987-04-07 Age : 37 Registration date : 2009-01-10
Предмет: Re: EL DESEO, Telefe|2004 Пон Aвг 17, 2009 4:58 am
Многу ми е убава ентрадава, покрај Наталија има уште еден куп други глумци кои ги обожавам, стварно штета што никој не ја откупил, сигурно ќе беше популарна.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Не, не, тоа јас така си претпоставувам, во скеој случај А1 соработува директно со Телефе, тоа е факт. Не за џабе Хулиета Ортега (некоја си од Телефе) им честиташе на реклама роденден на А1 пред 2-3 години. Имаат соработка, тоа е факт, ете Ангели ја земаа први на Балканот, али дај Боже и други серии да земат директно од Телефе
Aбе дечки не ме зезајте. Па Хулиета Ортега му е сестра на Себастијан Ортега, авторот на Лалола и Пелс. Леле,сакам А1 да соработува со неговата продукција (која засега е со Телефе) и да ги откупува сите негови серии.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Е баш така... За А1 никој никогаш не може да е сигурен, се во последен момент прават, тотално непредвидливи како телевизија. Како и да е, имаат соработка со Телефе