Марија е венецуелска романтична теленовела од продукцијата на РЦТВ, која е дистрибуирана низ светот преку
Radio Caracas Televisión International. Продуцент на серијата е Jhonny Pulido. Насловната песна "Custodio de este amor" ја исполнува Pablo Tamagnini МАРИЈА - MARIUГодина на прикажување во Венецуела: 2000Епизоди: 113 Марија Еухенија Сампедро е сиромашна девојка која живее со нејзината мајка во еден сиромашен и валкан кварт во Каракас. Нејзината мајка е тешко болна, а Марија нема од каде да најде пари за да купи лекарства, па затоа се осудува да украде од една аптека. И токму тој очаен потег ќе го промени животот на Марија во целост. Разочарана од финасиската ситуација и општеството во кое егзистира, Марија со нејзиниот пријател Ериберто, кој отсекогаш е вљубен во неа ќе ја ограби аптеката за да го земат потребниот лик.
Аптекарката ќе испаничи, ќе повика полиција и околу тој реон ќе се создаде голема гужва од луѓе и полициски коли, кои воедно таму се собираат поради апсење на некои терористи. Во тој сплет на околности, Марија и Ериберто бегаат, а убиена е Коралија, сопруга на богатиот хемиски инженер и помагател во антитеоризмот - Емилијано Галвез со кого има и деца. Полицијата е убедена дека крадецот ја убил Коралија и од тој момент започнува тешка борба на Емилијано кои ќе ги употреби сите средства со кои располага за да го најде крадецот на лекарствата кој во тој момент се нашол таму и сакајќи да избега, ја убил неговата жена. И полицијата и Емилијано и целата јавност се убедени дека крадецот ја бул Корлеија, иако вистинскиот убиец е некој од терористите. Емилијано не може да ја преболи смртта на неговата сопруга која го оставила вдовец со деца, а во таа истрага по убиецот се впушта и семејството на Коралија, чија единствена цел е убиецот на нивната Коралија да се најде доживотно зад решетки. емилијано постепено дознава дека некоја си марија е наводниот убиец, оди во тој кварт, но никој не знае каде е Марија.
Од друга страна, невината Марија е приморана од тој момент да бега и да живее лажен живот за да се спаси, иако знае дека е невина, но никако не може да го докаже тоа затоа што полицијата не верува на некоја сиромашна девојка која нема никакви докази.
Со тек на време, Марија се запознава со Емилијано и двајцата се вљубуваат еден во друг. Марија дознава дека Емилијано е опседнат со потрагата по убиецот на неговата сопруга и сфаќа дека тој всушност ја бара неа. За да ја спаси кога коцките постепено се откриваат околу обрачот на Марија, нејзиниот пријател Ериберто се пријавува како виновник за кражбата и убиството на Корелија. Но, полицијата и сведоците од аптеката знаат дека вистинскиот крадец е некоја девојка Марија, за која веруваат дека во бегството ја убила богатата Корелија.
Марија е приморана постојано да бега, да се крие, да ги лаже луѓето околу себе, меѓу кои и Емилијано со едиствена цел да не биде откриена виситната и да не го изгуби човекот во кој се вљубила. Таа ќе мора некое време да живее во криење на нејзиниот вистински идентитет за да не ја загуби љубовта.
Улоги: Даниела Алварадо, Карлос Монтиља, Соња Смит, Крисол Карабал, Дора Мацоне, Хенри Сото, Винстон Валјенилја, Естефаниа Лопез, Мануел Салазар, Висенте Тепедино