|
| | O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 | |
| | Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:17 am | |
| Мини новелата на Жилберто Брага е основана според романот издаден во 1878 година. Според оваа книга исто така во 2007 беше реализиран и бразилски филм во кој настапија Дебора Фалабела (Клон), Фабио Асункао (Во име на љубовта) и Рејналдо Гианечини (Семејни интриги). O Primo Basilio - Братучедот БазилиоБрој на епизоди: 16 Година на прикажување: 1988 Земја на потекло: Бразил Синопсис:Приказната на теленовелата се развива во Лисабон кон крајот на 19 век и ја раскажува љубовната приказна помеѓу двајца братучеди. Во основата на приказната се четири ликови: Луиза, нејзиниот братучед Базилио, нејзиниот сопруг Жорже и слугинката Жулиана. Приказната започнува, кога Базилио, млад и богат буржоаз, се враќа во Лисабон после едно патување во Англија и се заљубува во убавата девојка Луиза. Тогаш Базилио е принуден да отпатува во Бразилија поради настанот со компанијата на неговиот татко и ја остава саканата во Португалија. Тој и ветува на Луиза дека кога ќе се врати ќе се оженат, за кој сон таа вечно сонува. Првите месеци, Базилио често и пишува на Луиза. Со текот на времето, врската на двајцата замрзнува и тој става крај на нивната љубов. Еден ден, Луиза добива писмо од Базилио, во кое пишува дека тој престанал да ја сака. Луиза страда многу после разделбата и по неколку години, се мажи за Жорже, млад инжињер. Жорже е пример за типичната средна класа во Лисабон во тоа време. Почитуван професионалец, многу компетентен, тој е маж со конзервативни идеи, високо ценет и сакан од сите околу него. Кога ја запознава Луиза тој се вљубува во нејзината незаштитеност, грациозност и нежност. Маѓепсан од таа жена, тој сонува да има деца од неа, колку што е можно побргу. Луиза станува привлечна и симпатична жена. Таа не се вљубува во него и бара сигурност од бракот со него. После смртта на неговата тетка, Жорже вработува во домот една слугинка, Жулиана, многу завидлива и опасна жена. Таа е огорчена жена која никогаш не била со маж. Страда од сериозна болест на срцето, заради која што е уште понесреќна. Малку по малку, таа и влегува во животот на Луиза, претварајќи и го најголем кошмар. Еден ден, после многу години, Базилио се враќа во Лисабон, точно во моментот кога Жорже заминува на работа. Богат, Базилио, повторно ја буди страстта кај Луиза. Привлекувањето помеѓу двајцата братучеди е возбудливо. Луиза не може да издржи да не биде со него, па и двајцата започнуваат тајна врска. Двајцата се среќаваат во една куќа, во која Базилио и предлага на Луиза незаборавни моменти. Луиза има корист од тоа, за да избегне од рутината на нејзиниот брак. Жулиана, која има навика да се пика во нештата на газдите, открива едно писмо, во кое Луиза му ја искажува својата љубов на Базилио. Жулиана во тоа гледа како шанса за нејзиниот живот. Таа решава да ја уцени Луиза и бара 600 илјади реали во замена за нејзиното молчење. Поради тоа што сумата е преголема, Луиза останува без ништо а Жулиана решава да и го уништи нејзиниот живот. Таа и принудува на Луиза да служи, заменувајќи си ги местата на слугинка и сопственичка. Животот на Луиза станува вистински кошмар. Таа страда од уценувањето на Жулиана, и малку по малку дознава дека таа всушност го сака Жорже, а не Базилио. Таа излегува од кризата и открива дека може да го изгуби сопругот. Но откако Луиза дознава дека Базилио не ја сака искрено туку само сака забава од неа, таа му кажува дека Жулиана ја открила нивната врска и му предлага да избегат заедно, но тој не се сложува па поради комплицираната врска заминува во Париз. Истоштена од толку маки, Луиза бара помош од Себастиао, најдобриот пријател на Жорже. Таа му ја раскажува целата вистина и како потпаднала во рацете на Жулиана. Со помошта на полицијата, Себастиао влегува во куќата на Луиза и бара од Жулиана да ги предаде сите писма. Очајна од новата судбина, Жулиана добива срцев удар и умира. Себастиао и ги враќа писмата на Луиза и таа ги гори. Без Жулиана и без Базилио нејзиниот живот се нормализира. Но маките на Луиза не завршија. Доаѓа момент кога Жорже открива за измамата на сопругата си. Враќајќи се дома од едно патување тој добива едно писмо од Базилио за Луиза. Кога и Луиза дознава за тоа, тој од неа бара да му ја каже целата вистина. Откако го слуша сето тоа, Жорже жали што ја сакал толку цело ова време. После настанот таа има треска и силна болка во главата. Таа негира на лекарствата и нејзиниот лекар предлага да и ја истрижат косата, но откако и ја стрижат долгата руса коса таа уште повеќе страда. Но по нејзината смрт, Жорже и покрај измамата бара од неа да и прости за тоа што не успеал да ја задржи.
Последната промена е направена од Bobi на Нед Апр 05, 2009 2:28 am. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:26 am | |
| Ова е Бразил, драма пренормална и пререална, сакам мини серии, би сакал кај нас да ги даваат. Боби, не ти се гледа сликата, да знаеш Жал ми е за Луиза така што завршила, а они знаеле дека се братучеди? Всушност, што прашувам, во Латинска Америка си е најнормално врска меѓу братучеди | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:27 am | |
| Не знам зошто ама кај мене се гледа, ај чекај ќе ја сменам за секој случај... | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:38 am | |
| Е сега се гледа. Мислам дека сме единствени на Балканов (може и многу пошироко) што давааат синопсиси за толку стари неприкажувани серии . Би било преубаво кога еден ден во неделата ќе даваат на некоја ТВ бразилска мини серија, Хилда беше предобра, али нешто најдовратно досега што имам видено воопшто од Бразил и од Латинска Америка е мини серијата ЕНГРАСАЏИНА - одвратно | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:50 am | |
| - Beauty напиша:
- Е сега се гледа. Мислам дека сме единствени на Балканов (може и многу пошироко) што давааат синопсиси за толку стари неприкажувани серии .
Би било преубаво кога еден ден во неделата ќе даваат на некоја ТВ бразилска мини серија, Хилда беше предобра, али нешто најдовратно досега што имам видено воопшто од Бразил и од Латинска Америка е мини серијата ЕНГРАСАЏИНА - одвратно Да, но Бугарите имаат веб портал со над 5000 серии http://www.telenovella-bg.com/ можеби е и најпопуларен таму, има биографии за над 10000 глумци нешто невозможно и плус садржај за секоја епизода на сериите кои таму биле прикажувани. Патем имаат и веб списание секој месец што излегува од 60 страници. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 Нед Апр 05, 2009 2:52 am | |
| Добро, Бугарите се ретардирани кога се во прашање серии, кај нас сеуште е добра нормала | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 | |
| |
| | | | O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|