Моја најмила е романтична теленовела градена по ист принцип како и сите венецуелски серии. Главните улоги ги толкуваат Роксана Дијаз и Карлос Монтиља, кои главен пар беа и во
Се за љубовта.Серијава кај нас се даваше на локалните телевизии, освен во Скопје.
МОЈА НАЈМИЛА - CARISSIMAЗемја на потекло: ВенецуелаГодина: 2000Епизоди: 103Ова е приказна за големата љубов меѓу Април Зурли и Габриел Сантуарио, која е жртва на една голема омраза и желба за уште поголема одмазда.
Габриел дознава дека неговиот татко е убиен и главниот осомничен е Монсерат Ваљеморин (таканаречен Мончо), моќен и доминантен човек, кој се занимава со нечесни зделки поврзани со мафија, нелегални бизниси и криминал, непријател на фамилијата Сантуарио, но воендо и кум на Април. Габриел си ветува дека ќе ја одмазди смртта на неговиот татко Улисес и затоа решава тоа да го стори преку двете големи љубови на Мончо: неговата ќерка Марбела и неговата кумашинка Април.
Април е независна млада девојка која штотуку дипломирала медицина и сака да се вработи без никакви протекции, сака чесно и достоинствено да го изоди животниот пат. Затоа не ја прифаќа помошта која и ја нуди кумот дон Мончо кој е најпознат кардиолог во земјата и ја има најдобрата клиника во земјата. Април не сака ништо да прифати од својот кум кој го презира затоа што има лош однос кон слугинките, се сомнева дека толку ги сакал нејзините родители и се сомнева во неговите активности, работи и недвижнини. Од друга страна, дон Мончо се грижи за неа и ја докажува својата љубов и грижа кон неа, со што предизвикува љубоморни сцени кај неговата ќерка Марибела. Марибела ја мрази младата убавица Април затоа што и го одзела сето она што нејзе и припаѓа, љубовта и грижата од саканите, па затоа решава да се одмазди за таквото душевно страдање. Она што ни Април, а ни Марибела не го знаат е дека Април е вистинската ќерка на дон Мончо, родена од романсата на Мончо со Тања Гузман пред бракот на дон Мончо со Јермани Бургос. Мончо ја зел Април како бебенце од нејзината мајка и му ја дал на Антонио Зурли да се грижи за неа. Го вработил Антонио како градинар затоа што тој е имигрант во Венецуела кој побегнал од Италијанската мафија и добил лажен идентитет благодарение на дон Мончо. Дон Мончо не сака да го открие вистинскиот идентитет на Април затоа што не сака таа да биде убиена од неговите непријатели, мафијашите и семејството на неговата сегашна сопруга Јермани. Тој се оженил со Јермани затоа што имал големи финансиски проблеми, а и Јермени била бремена тогаш од друг човек, па затоа дон Мончо се оженил со неа да ја зачува честа на фамилијата Бургос, но и самиот тој финансиски да се издигне. Тогаш и Тања добила уште една ќерка Адријана, која ја дала на посвојување на еден колумбиски пар Либордо затоа што се плашела да не и ја одземат како што и ја одзеле и Април. По многу години, дон Мончо повторно ја среќава Тања која сега под друг идентитет е сопственичка на ноќен клуб.
Од друга страна, по смртта на татко му, Габриел заминува во странство заедно со Ерасмо, пријателот на неговиот убиен татко. По многу години и тој се враќа во Венецуела под друг идентитет како Мигел Давид Монталво со цел да ја одмазди смртта на татко му преку Марибела и Април, омилените штитенички на моѓниот дон Мончо. Никој не знае дека тој човек е синот на убиениот Улисес. Но никој не знае и дека Април е ќерка на дон Мочно или дека Април и Адријана се сестри.
Но главниот заплет настанува кога Габриел неочекувано се вљубува во Април, девојката која требаше да ја мрази. Габриел и Април доживуваат страстна и длабока љубов, која е осудена на пропаст... Марибела се вљубува во Габриел и не бира средства да се омажи со него. Од друга страна Април дознава за целта поради која Габриел се запознал со неа и го напушта... Разочарана и депресивна, подршка наоѓа во Хосе Томас, човек кој се вљубува во неа и кој исто така има нерасчистени сметки со дон Мончо...
Улоги: Roxana Díaz, Carlos Montilla, Carolina Tejera, Violeta Alemán, José Ángel Ávila, Chantal Baudaux, Carlos Cámara, Dalila Colombo, Veronica Cortez, Jeanette Flores, Juan Carlos Garcia, Jeronimo Gil, Marianela González