Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Чет Фед 26, 2009 11:54 pm | |
| Ова е првата хрватска теленовела, која со емитување почна во октомври 2004 год. на ХРТ во 18:40 часот. Својата "светска премиера" ја доживеа во Србија, каде со емитување на Пинк Телевизија почна половина час порано. Поради огромен успех во Србија во последните 10 епизоди гостуваше белградскиот глумец Војин Цветковиќ. Исто така пејачката Тијана Дапчевиќ ја спомена "Villa Maria" во нејзината песна "Се е исто, само него го нема". Глумицата Миа Беговиќ, која ја глумеше Хелена Рујак, доби отказ неколку недели пред завршувањето на снимањето на серијата. Причините за отказот не беа познати за јавноста, а Хелена во серијата се појавување се до крајот, освен во последните сцени на серијата. Хрватскиот пејач Петар Грашо се појави како гостин во серијата, каде се глумеше самиот себеси, воедно како новиот удварач на Дора. Неговата колешка, исто така пејачка, Јелена Розга, го глумеше измислениот лик Мирна Полиќ, пријателката на Мајда. Специјални улоги во серијата добија и мексиканските глумци Омар Херменос и Глорија Пералта, кои во вистинскиот живот се во брак. Серијата кај нас доживеа исто така голем успех прикажувајќи се на Канал 5 телевизија. ВИЛА МАРИЈА - VILLA MARIAЗемја на потекло: ХрватскаГодина: 2004-2005Епизоди: 160 Ова е приказна за три семејства кои заедно се поврзани, но уште повеќе раздвоени со пари, љубов, страсти и измама. Еден од главните улоги е Томо Јурак, 50 годишен милионер, сопственик на ресторани и хотели како што е хотелот "Grand" во Загреб и "Villa Maria" која се наоѓа во Опатија. Неговата ќерка Дора има 20 години и е одлична студентка на медицина. Томо ја обожава и не ја прифаќа помислата дека таа е веќе зрела девојка и дека има момче и своја интима. На почетокот таа е разгалена татина ќерка, која ќе се развие во зрела девојка која ќе се обиде да ја сочува фамилијата заедно, после што ја дознава вистината за љубовницата на Томо, злобната Весна, жена на ривалот на Томо, Макс Ловрек. Дора се заљубува во Лука Понграц, вработник во фирмата на Томо, воедно и негова десна рака во работата. Иван, братот на Дора, е љубоморен на Лука и на неговиот однос со Томо, кој наликува на однос на син-татко кој го сака Иван. Мајката на Лука, Дуња не ја одобрува врска помеѓу Дора и Лука, а воедно ја чува и тајната за неговото потекло. Улоги: Јелена Велјача, Дамир Марковина, Ксенија Пајиќ, Жарко Радиќ, Aнте Чедо Мартиновиќ, Барбара Вицковиќ, Миа Беговиќ, Мислав Чавајда, Нада Гашечиќ Ливаковиќ | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Пет Фед 27, 2009 6:05 pm | |
| Вистинска сапуница, интересна некаде до 30та епизода, натаки претераа, ептен убиства, и такви работи како во шпанските серии | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Пет Фед 27, 2009 10:06 pm | |
| Е не сум знааеле дека имало убиства и такви работи, како и да е, мене секоја хрватска ми изгледа ептен досадна и неинтересна, тка да и оваа ми изгледаше така и не жалам воопшто што не ја гледав | |
|
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Пет Фед 27, 2009 10:38 pm | |
| I jas ne ja gledav,abe osven Zb.Lj. niedna druga hrvatska ne mi bila interesna za gledanje, a nema ni da ima takva | |
|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Пон Мар 23, 2009 5:01 pm | |
| Знам дека ќе се смеете, али ниедна епизода немав пропуштено од серијава! Што знам, интересна ми беше...али сега не сум сигурна дека би ја гледала пак.... |
|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 Чет Јун 25, 2009 8:48 pm | |
| барем нешто интересно а да е хрватско ликовите се суппппппппп глумата малку мрда од место али во целост ок е |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: VILLA MARIA, AVA - Croatia|2004/05 | |
| |
|