Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: TORRE DE BABEL, Rede Globo|1998/9 Нед Јан 04, 2009 6:33 pm | |
| Вавилонска кула е бразилска теленовела продуцирана од Реде Глобо и емитувана во вечерниот термин од 20 часот. Серијата е напишана од Силвио Абреу и Алцидес Нигуеира. Националната верзија имапе 203 епизоди. Главните улоги во серијата ги имаа Жозе Вилкер, Тони Рамос и Глорија Менезес. Серијата имаше добиено многу награди, меѓу кои и за најдобра новела. Torre de Babel - Вавилонска кулаБрој на епизоди: 203 Година на прикажување: 1998/9 Земја на потекло: Бразил Синопсис:Жозе Клементино ја убива својата сопруга, откако ја наоѓа како го изневерува со друг маж. Во затворот тој мисли план како да му се одмазди на својот бивш шеф Сезар Толед, кој го обвинил во полицијата. Сезар е успешен бизнисмен, кој го основал еден од најголемите трговски центри во Сао Пауло – “Tropical Tower Shopping” . Воедно, таа зграда е основната локација на планот за одмазда на Жозе Клементино. Сезар е женет за Марија, но овој брак е на пат да се распадне. Баш во тој момент, тој повторно ја среќава својата голема страст – адвокатката Лусија Прадо. Сезар прави се за да го спаси својот брак со Марија и да го зачува своето семејство. Сезар има три деца, кои многу се разликуваат еден со друг – Енрике, Гилерме и Алешандре. Енрике е женет за убавицата Вилма. Тој е бунтовник и има скриени желби дури во најдобрата пријателка Анжела Видал. Анжела работи како менаџер во компанијата на Сезар Толедо. Гилерме е син, кој му создава многу проблеми на татко си – тој зема наркотици и постојано навлегува во сложни ситуации. Тој се доверува само на Клара, која му помага да излезе сув од водата. Роднините на Гилерме дури не помислуваат, дека тој има жена Селесте и син, кои живеат во друг град. Алешандре е млад и чесен адвокат, но премногу наивен. Тој дури лесно паѓа на лагите на Сандра, продавачка во траговскиот центар. Таа е убедена, дека тој ќе и помогне да се збогате и да го напушти својот беден дом. Сандра живее со својот дедо Аженор, кој ј а презира Сандра, а исто така со сестра си Шарли и двајцата чичковци, кои постојано се карат – Густињо и Бонека, и ментално заостанатиот Жаманта, кој е лудо вљубен во Сандра. Татко и, Клементино, наскоро треба да излезе од затвор,но Сандра не може да му прости, што тој ја убил мајка и. На празникот за отварање на трговскиот центар, наречен од граѓаните Вавилонска кула, се собрале многу луѓе. Големата желба на Сезар се оствари но тој не помислува дека тој празник ќе стане трагедија и кошмари од минатото кој ќе му го рушат неговата прекрасна сегашност и иднина, кој го изградил со толку многу напор. | |
|