Ciranda da Pedra - Камена Гатанка Земја на потекло: Бразил Година: 2008 Епизоди: 137
Д-рот Прадо и Лаура не беа создадени еден за друг. Таа има модерни идеи и е посветена на уметноста, додека тој е познат адвокат со традиционални верувања. Притисната од сопругот, Лаура доживува тешка траума и д-р Прадо ја затвора во лудница. Тие се разведуваат и семејството се разделува: тој ги задржува двете постари ќерки Отавија и Бруна, а Лаура најмалата ќерка, Виржинија. Болна и со економски проблеми, Лаура оди да живее кај д-р Даниел, неврологот кој го следи нејзиниот случај со години. Даниел е заљубен во неа и верува дека нејзината болест не е ментална, туку физичка, и сака таа да закрепне. Лаура пак, од друга страна, крие една тајна од сите: Виржинија е, всушност, ќерка на Даниел. Тој и Прадо се сомневаат во ова, но Даниел сепак почувствително се однесува со девојчето, а Прадо пак, индиферентно. Неколку години подоцна, Виржинија, веќе девојка, оди да живее во куќата на Прадо заедно со нејзините две сестри и со строгата гувернанта Фрау Херта. Таму се среќава со секаков вид непријателство и потешкотии да се адаптира. Како утеха на Виржинија и служи Конрадо, соседот и симпатија од детството. Но, тој ќе влезе во конфликт со Едуардо, пријател на Виржинија од Вила Маријана каде што таа порано живеела, кој е целосно заљубен во неа.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: CIRANDA DA PEDRA, Rede Globo|2008 Сре Aвг 20, 2008 9:30 am
И од ова ја изгледав првата епизода и ми се допадна, али не толку како и претходните новели од 6 часот на Глобо... повеќе можам да речам дека е добра серија за "Desejo proibido" или пак "Eterna magia" отколку ова... сепак симпатично изгледа
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Друштвото и културата од 50те години на 20 век не ја заинтересираа бразилската публика за новелата "Ciranda de Pedra". Новелата засега има најлоша гледаност на сите новели досега емитувани во терминот од 18 часот.
Терминот од 18 во последните две години немаше преголем успех. Последниот успех засега го имаше новелата "O Profeta" емитувана 2006/7 година. Глобо се надева дека новелата "Negocio da China" која почнува наскоро во овој термин ќе ги врати гледачите.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11