Гордоста на Раткаеви Земја на потекло: Хрватска Година: 2007/8 Епизоди: 180
Историска ТВ- новела направена во 180 епизоди. Приказната на серијата се одвива во најтурбулентните периоди на хрватската и југословенската историја, во периодот од 1938. до 1948. година, а ги следи животите на едно благородничко хрватско семејство, од неговото предвоено воздигање, па се до после Втората Светска војна, за време на која дојде до промена на државното уредување, пропаѓање на благородништвото и корените промена на сите дотогаш воспоставени општествени вредности. Во фокусот на настаните се наоѓа грофовската фамилија Раткај и нејзиниот живот во семејниот круг. Гроф Карло Раткај, успешни хрватски индустријалец, а подоцна и и политичар, сопственик е на водечката фабрика за слатки во Кралството Југославија и само навидум е главата на семејството. Вистинска господарка е неговата мајка, грофицата Антонија, единствениот преживеан претставник на вистинското хрватско благородништво. Нејзините внуци, Бела и Крсто прелесно се носат со забрзаните промени кои ги носат политичките ветрови на Европа, додека нивната мајка, младата грофица Вероника во сето тоа не се снаоѓа. Приказната започнува со нивната преселба од Загреб на семејниот имот во околината на Бизјак, и повторната средба со Јосип Јуриќ, познат произведувач на алкохолни пијалаци, со кој Вероника во младоста била свршена, но нивната венчавка за секогаш ја одложи Првата Светска Војна во која Јосип е прогласен за мртов. Вечниот судир на семејствата Раткај и Јуриќ, предметот на кој се темели оваа приказна: љубомора, завист, различната имотна состојба, општествената положба и недозволената љубов меѓу младиот наследник Крсто Раткај и убавата ќерка на Јосип, Хелена, во која освен родителите се заплеткува и судбината. Многубројните ликови се вовлекуваат во животите членовите на овие две семејства и темелно и неповратно ги менува, засилувајќи ги или уништувајќи ги. Лажни пријатели, деловни партнери, офицери, шпиони, свештеници, љубовници, политички противници и лихвари се само некои од нив. Контактите меѓу ликовите се остваруваат на релација село – град (Бизјак – Загреб), со што јасно се прикажуваат културолошките и идеолошките разлики меѓу граѓанството и селаните, богатите и сиромашните, благородниците и работниците, војската и цивилите, усташите и комунистите, верниците и атеистите, се до дека воспоставениот комунистички режим со декрет не воведе целосна еднаквост. Нашите бројни ликови низ серијата се обидуваат да се носат со сите овие радикални промени кои им ги носи едно тешко и непредвидливо време на политички и воени превривања.
Последната промена е направена од Bobi на Сре Окт 01, 2008 6:13 pm. Мислењето е променето 2 пати.
dobra_djevojka Нов Член
Број на мислења : 14 Registration date : 2008-08-16
Колку бев радосен што ќе гледам за прв пат костимирана хрватска, и ми се допадна, си ја гледав до крај но не редовно, можеше да се случи да гледам 2/3 пати само неделно, но се вклопував... добро направено... но сепак како Закон Љубави засега нема
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
Според мене ова е најдобриот проект на ,,Ava'',а воедно и најдобар хрватски,кога се во прашање сапуниците,со оглед на тоа дека ,,Аva'' за мене е најдобра продуцентска куќа од оваа земја.Со самото тоа што е костимирана,многу е јасно дека се вложени повеќе финансии,и не само за костимите,туку и за локациите кои совршено одговараат на дејството во времето на втората светска војна.Актерската екипа во целост е добра,додека приказната е сосема оргинална.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
На ХРТ деновиве рекламираат дека Гордоста на Раткаеви која се прикажувала на нивната фреквенција е најгледаната серија за минатата година, прогласена на некоја странска манифестација.
Гостин Гостин
Предмет: Re: PONOS RATKAJEVIH, AVA - Croatia 2007/8 Чет Aвг 27, 2009 4:16 pm
Серијава мајка ми не ја пропуштеше и јас ја гледав со неа само за да избегнам учење
sexandthecity15 Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 140 Birthday : 1995-01-15 Age : 29 Location : Kumanovo Registration date : 2010-08-14
Предмет: Re: PONOS RATKAJEVIH, AVA - Croatia 2007/8 Нед Ное 28, 2010 2:16 am
Серијата бeше закон, али овакви сцени досега се сум видел:
Sponsored content
Предмет: Re: PONOS RATKAJEVIH, AVA - Croatia 2007/8