Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: DAY BREAK|2006 Пет Јун 04, 2010 7:30 pm | |
| НОВ ДЕН е американска акциона драма, во чиј центар се наоѓа детективот Брет Хопер, кој е наместен за убиство на асистентот на јавниот обвинител и кој, поради временска јамка, го живее истиот ден повторно и повторно. Серијата започна да се прикажува на ABC на 15 ноември 2006 година, но беше укината по прикажување на само 6 епизоди и заврши на 13 декември истата година. Преостанатите 7 епизоди прво беа прикажани онлајн на страницата на ABC, а во 2008, кабловската телевизија TV One ги прикажа сите 13 епизоди. Кај нас можете да ја гледате на Фокс Крајм. 1 сезона: 13 еп. Кратка содржина:Детективот Брет Хопер има навистина лош ден, наместен е за убиство на асистентот на јавниот обвинител, Алберто Гарза. Тој има алиби, но никој не му верува. Наредното утро се буди само за да сфати дека е повторно истиот ден. Хопер е заглавен во овој циклус на повторување на истиот ден и за да го запре тоа, тој мора да дознае кој го наместил. Секој ден, тој пробува да најде траги за убиството и да го исчисти своето име, но притоа ги става во животна опасност неговите најблиски. Во следното повторување на денот, Хопер со себе ги носи и неговите спомени и повреди од "претходните" денови. Улоги: Теј Дигс, Мун Бладгуд, Викторија Прат... | |
|