Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: SPARTACUS: BLOOD AND SAND, Starz|2010- Саб Апр 10, 2010 8:45 pm | |
| Spartacus: Blood and Sand ( Спартак: крв и песок) е телевизиска серија во продукција на кабелската телевизија Starz која премиерата ја доживеа на 22 јануари 2010. Серијата се фокусира на историската личност Спартак (кој го игра Енди Витфилд), Тракиски гладијатор кој од 73 до 71 година пред новата ера успеа да го крене познатото востание на робовите против Римската Република. Продуцентите на оваа серија открија дека шоуто ќе се фокусира на настаните од темното Спартаково минато кои најпосле ќе придонесат да се случи историскиот бунт на гладијаторите. Серијата е позната по својот шокирачки тежок „речник“, „безобразни“ секс сцени и острите зборови кои си ги разменуваат карактерите во истата. Бидете внимателни, ако не сте многу по насилството на малите екрани, серијава не е за вас! Како и да е, Spartacus: Blood and Sand е една од најдобро оценетите серии и од публиката, но и од самата критика во новата полу-сезона и секоја нова епизода од неа ги руши рекордите на претходната во гледаност. Шоуто е веќе обновено за втора сезона, додека пак првата завршува на 16 април со 13 снимени епизоди. | |
|
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: SPARTACUS: BLOOD AND SAND, Starz | 2010- Саб Апр 10, 2010 8:56 pm | |
| Изгледана прва епизода, и баша денес сакав да отворам тема, кога гледам ме претркале. Една од најреалните и најдобро направени (визуелно) серии во последниве години. Приказната е општо позната, но ефектите и реално прикажаните (посебно бруталните) сцени се она што ќе ве држи прилепени за телевизорот. Јас сигурно продолжувам да ја гледам. | |
|
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
| Предмет: Re: SPARTACUS: BLOOD AND SAND, Starz | 2010- Пет Јун 04, 2010 8:42 pm | |
| И јас почнав да ја гледам... И единствено нешто кое можам да го кажам Значи серијава е таква, од првата секунда до последната те остава без здив, и не те пушта да трепнеш. Голем плус што ја спомнале и Македонија | |
|
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
| Предмет: Re: SPARTACUS: BLOOD AND SAND, Starz | 2010- Вто Јун 08, 2010 1:43 am | |
| Се извинувам за пост врз пост, ама морав да пишам... Штотуку го изгледав финалето.... Коментар: Подобар крај на сезона АМИН!!!! Моментално прва на листата од мои омилени серии... Уфффф колку чекам втора сезона... | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: SPARTACUS: BLOOD AND SAND, Starz | 2010- | |
| |
|