ЗАШТИТЕНИ е шпанска научно-фантастична драма, која се фокусира на неколку луѓе, кои, по сплетот на околностите, почнуваат да се преправаат дека се семејство за да ја заштитат тајната која ја чуваат, постоењето на натприродни моќи. Серијата започна да се прикажува на 12 јануари оваа година на Антена 3. Првата сезона е предвидена да има 13 епизоди. Оваа серија веќе има голем успех во Шпанија.
Los Protegidos - Заштитени Земја на потекло: Шпанија Година на емитување: 2010- Број на епизоди: 5 (засега)
1 сезона: 5 еп. (засега)
Кратка содржина:
Марио открива дека неговиот син Карлос има моќ да ги помрднува предметите со своите мисли. Химена се буди сред ноќ и открива дека нејзината ќерка Бланка е киднапирана. Најчудно е тоа што Бланка веќе предвидела дека тоа ќе се случи. Двајцата, барајќи одговори, се наоѓаат еден со друг и одлучуваат да глумат семејство и да изнајмат куќа во предградието. Остатокот од ова специфично семејство го сочинуваат: Кулебра, 17-годишен дечко, кој живеел на улица и има моќ да стане невидлив, Сандра, млада девојка, која предизвикува струјни удари, Карлос, синот на Марио, кој ги мрда предметите со своите мисли и Лусиа, девојчето кое може да ги чита мислите на луѓето кои ја опкружуваат. Оваа група на луѓе мора да изгледа како сосема нормално семејство за да не предизвика сомнежи кај останатите. Марио и Химена ќе се обидат да ги решат мистериите кои ги опкружуваат: од каде потекнуваат моќите на децата, кој знае за нивните способности и зошто сака да ги киднапира и каде е ќерката на Химена.
Улоги: Антони Гаридо, Енџи Сепеда, Ана Фернандез, Луис Фернандез...
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Навистина е интересна серијата. Имам изгледано само 2 епизоди и веќе ми стана една од омилените серии во моментов. Има супер ликови, комични елементи, малку напнати сцени, тин елементи, фантастика, мистерија... се што ми се допаѓа. И, иако трае 80 минути (како и повеќето шпански серии), воопшто не личи така, ни за момент не ми станала досадна. Ги обожавам шпанските серии.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: LOS PROTEGIDOS, Antena 3|2010- Пет Апр 23, 2010 8:53 pm
Енџи глуми овде?
Ова морам да го изгледам. Ана, пиши на порака кај можам да најдам торенти/линкови да ми пратиш.
Музиката на интрото ме потсеќа на Домаќинките.
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: LOS PROTEGIDOS, Antena 3|2010- Пет Апр 23, 2010 10:37 pm