Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: HOTEL BABYLON, BBC|2006-2009 Нед Јан 10, 2010 9:11 pm | |
| ХОТЕЛ ВАВИЛОН - HOTEL BABYLON1. сезона - 8 епизоди2. сезона - 8 епизоди3. сезона - 8 епизоди4. сезона - 8 епизоди ТВ серијата „Хотел Вавилон“ е испирирана од бестеселерот на Имоџин Едвардс-Џонс која го опишува животот зад завесата на луксусзните хотели во Лондон. Во продукција на BBC, „Хотел Вавилон“ не пренесува во светот зад сјајот и фасадата на беспрекорност на насмеаните лица, гламурозните ентериери на хотелите од високата класа каде што ги следиме тривијалните и сосема прозаични ликови на хотелскиот персонал, како и на гостите. Од постојаните ликови во серијата која досега доживеа 4 сезони, тука се харизматичниот Тони (Декстер Флечер) како шармантен и дискретен консиерж, деликатната, но итра рецепционерка Ана (Ема Пирсон), заводннците Џино (Мартин Маркез) и Бен (Мајкл Обиора) и собарката Тања (Данира Гович). Освен овие ликови, низ серијата ќе продефилира една цела галерија на сликовити карактери кои учествуваат во приказните со боливудски свадби, фото-сесии за познати личности за големи магазини, мафијашки пресметки и многи други кои ја прават динамиката на оваа серија и воедно едно од најгледаните ТВ продукции во последните години. Улоги: Nigel Harman, Anna Wilson-Jones, Dexter Fletcher, Martin Marquez, Michael Obiora, Ray Coulthard, Danira Gović, Alexandra Moen, Amy Nuttall | |
|