Quiereme Siempre - Сакајме засекогашПрвата теленовела која е работена за да привлече повеќе гледачи кај младата публика.
Жаклин Андере глуми збунета мајка, која во потрага по својата ќерка ќе наиде на две адолесцентки, кои ќе ги засака како родени деца, но само едната од нив и е родена ќерка.
Викторија Руфо овде глуми со својата сестра Габриела Руфо. Во новелата глумат сестри.
Во оваа теленовела на малиот екран за прв пат се појавува вечниуот галан, Едуардо Јањез.
Урсула Пратс (Pasion) ја игра една од најзначајните улоги во нејзината кариера, како негативка која и го загорчува животот на улогата која ја игра Жаклин.
Кратка содржина:Aна Марија и Изабел, две братучетки и неразделни пријателки, запознаваат двајца мажи, Гиљермо и Алберто, кои ќе им ги променат животите како и судбините. Ана Марија се заљубува во Алберто, кој и покрај противењето на татка си, решава да ја земе за жена младата студентка. Таткото на Алберто го присилува сина си да ја остави Ана и да се ожени со младата Хулијана.
Алберто под присилба ќе ја остави Ана и ќе се ожени со Хулијана. Ана Марија останува бремена и открива дека боледува од тешка срцева маана која можеби нема да ја преживее. Кога ќе роди девојче, болна и сметајки дека нема да живее уште долго, Ана ја замолува Исабел да ја даде нејзината ќерка на Алберто.
Алберто и Хулијана веќе имаат своја ќерка, Хулија, но тој со широки раце ја прифаќа и другата ќерка, која ќе ја крсти Евелина.
Бидејки девојчињата се родени речиси истовремено, на сите ќе им кажат дека девојчињата се близначки.
По некое време, Ана Марија дознава дека болеста се повлекла и е решена да си ја поврати ќерката, но кога ќе дојде по неа, дознава дека Алберто и фамилијата заминале да живеат во Европа.
Со текот на времето, Ана Марија го запознава младиот пијанист Клаудио со кого ќе се омажи. Двајцата заминуваат во Европа барајки го Алберто, но патувањето ќе заврши без успех.
16 години подоцна, во Мексико, Ана Марија случајно го среќава Алберто, кога ќе аплицира како професорка по англиски во училиштето каде што тој е директор.
На часовите ќе ги запознае близначките Хулија и Евелина и брзо открива дека едната од нив всушност е нејзина ќерка.
Улоги:
Јacqueline Andere, Victoria Rufo, Gabriela Rufo, Jorge Vargas, Ursula Prats, Eduardo Yanez.