Pasion y Poder - Страст и моќИнспирирана од модерниот жанр во 80- тите, серија која помалку потсетува на легендарната Династија. Ова е теленовела во која војуваат две сопернички семесјтсва, во кои се промешани интриги, чуства, лицемериа и многу страст.
Интересен факт во оваа серија, за прв пат на малиот екран дебитирала Паулина Рубио.
Запаметени ќе останат улогите на моќниот и злобен Еладио Гомез Луна и неговата покорна жена Ана Лаура, улоги маестрално изиграни од ветераните Енрике Роча и Диана Брачо.
Младата Лола Мерино ја играла главната хероина во серијата.
Ова е прва мега успешна теленовела на Карлос Сотомајор (
En nombre del amor, Bajo la misma piel) која му ја отвори портата како докажан и ценет продуцент.
Кратка содржина:Ова е љубовна приказна која потсетува на класиката Ромео и Јулија. Федерико Гомез Луна и Ана Кармен Монтенегро, случано ќе се запознаат и ќе се заљубат еден во друг, несвесни дека ривалството ги разделува нивните фамилии со години наназад. Гомез Лунови и Монтенегрови, се моќни фамилии кои ги поседуваат најдобрите ланци на хотели низ земјата.
Артуро и Нина Монтенгро се среќно венчани и ги имаат ќерките Ана Кармен и Паулина, како и синовите Рохелио и Педро, кој е алкохоличар.
Еладио Гомез Луна е класичен новопечен богаташ, женет со покорната Ана Лаура со која го има синот единец Федерико.
Љубовта меѓу Ана Кармен и Федерико нема да наиде само на семејни пречки, туку меѓу нов ќе застане кокетата Паулина, која пак во договор со братот на Ана, Рохелио, коваат заговор како да ги разделат вљубените.
Интриги и борба за власт се главните теми на новелата која завршува со драматичен и неочекуван крај.
Улоги: Carlos Bracho; Diana Bracho; Enrique Rocha; Claudia Islas; Paulina Rubio, Lola Merino; Delia Casanova.