Двоен живот е аргентинска контраверзна теленовела, која не доживеа успех во Аргентина, а главната улога ја толкува познатиот "бунтовник" Фелипе Коломбо. Серијата изобилува со експлицитни сцени на секс, мистерија, убиства и поради тоа потсетува на феноменот "Resistire".
ДВОЕН ЖИВОТ - DOBLE VIDAБрој на епизоди: 88 Пастор и Мауро се братучеди и блиски пријатели кои одат во Рио де Жанеиро да се забавуваат. Таму го запознаваат Алекс кој заработува како жиголо, па тој ги води по клубви, ги запознава со девојки, па така Пастор и Мауро доаѓаат во ситуација и тие да поминат една ноќ со проститутки, а потоа ги осудуваат своите постапки. Истата вечер додека Пастор го запознава животот во друг облик, неговата мајка Силвија е убиена додека се бања. Силвија има сестра близначка и сопруг Леонардо, познат естетски хирург кој се занимава со нечесни незаконски зделки и воедно не сака полицијата да дознае за убиството на сопругата. Така, Пастор мора да се врати во Буенос Аирес и да дознае дека неговата мајка била убиена. Постепено се разоткрива мистеријата околу нејзината смрт, се дознава дека Силвија била жртва на законот на мафијата и дека некој од тоа семејство можеби е убиецот. Задачата на Пастор е да дознае кој би можел да ја убие?
Од друга страна, Пастор има проблеми и со неговата девојка, која го изневерува со помошникот на татко му, па така Пастор запознава и нова љубов.
Женскиот дел од новелата е претставен преку три главни лика - Виолета, Сабрина и Лурдес. Виолета поминува низ тешки моменти од нејзиниот живот. Нејзиниот сопруг е во тешка здравствена состојба, а таа мора да најде начин да ја плати терапијата затоа што нема пари, а нејзиниот шеф ја брка од работа. Оставена сама на себе во безизлезна ситуација, Виолета ја запознава Сабрина, бивша Мис на Универзумот, фотограф и престижна дама која води една книга за професионалните начини за проституција на високо ниво. По длабоки двоумења и сомнежи, Виолета сепак решава да се предаде во тој свет на проституцијата за да може да ја плати терапијата на нејзиниот маж.
Лурдес е сестрата на Виолета, која се враќа од Мадрид кај сестра и. Лурдес е бремена, го оставила момчето во Шпанија, а на аеродромот се запознава со Пастор и така започнува љубовната игра.
Лурдес, Виолета, Алекс, Сабрина, Пастор и Мауро влегуваат во чуден љубовен лавиринт, но истовремено приморани се да се борат за сопствената среќа и да ги разрешуваат фамилијарните сплетки и тајните од минатото.
Улоги: Adrián Navarro, Agustina Lecouna, Bárbara Lombardo, Carolina Ardohain,
Claudia Lapacó, Daniel Kuzniecka, Eduardo Pérez, Esteban Pérez, Felipe Colombo, Gonzalo Valenzuela, Guillermo Pfening, Iván González, Javier Lombardo