Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: HUSTLE, BBC|2004- Вто Дек 01, 2009 6:39 pm | |
| HUSTLE е британска драма, која следи група измамници специјализирани за "долги измами" - проширени измами кои бараат поголема ангажираност и обврска, но донесуваат поголема награда, за разлика од обичните трикови. Серијата започна со прикажување на 24 февруари 2004 и досега се прикажани пет сезони, а шестата е закажана за 2010 година. Кај нас можете да ја гледате на FOX Crime. Земја на потекло: Велика Британија Година на емитување: 2004- Број на епизоди: 30 (засега)1 сезона: 6 еп. 2 сезона: 6 еп. 3 сезона: 6 еп. 4 сезона: 6 еп. 5 сезона: 6 еп. = 30 епизоди (засега) Кратка содржина:Мики Стоун само што е пуштен од затвор, каде што бил поради напад над љубовникот на неговата сопруга. Тој е експерт за "долги измами" и решава да го собере својот стар тим на измамници за да извршат една последна измама пред да се пензионира. Тимот се состои од стариот, но успешен, Алберт Стролер, единствената девојка, заводливата Стејси Монроу, и вештиот и снаодлив Ешли Морган. Во текот на последната измама, измамникот Дени Блу, специјализиран за "кратки измами" се обидува да влезе во нивниот тим, што може да ги доведе во опасност останатите членови. Улоги: Eдриан Лестер, Роберт Вон, Хајми Мари, Роберт Гленистер, Марк Ворен... | |
|