Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeTROPICALIENTE, Rede Globo|1994 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 TROPICALIENTE, Rede Globo|1994

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

TROPICALIENTE, Rede Globo|1994 Empty
ПишувањеПредмет: TROPICALIENTE, Rede Globo|1994   TROPICALIENTE, Rede Globo|1994 I_icon_minitimeВто Дек 01, 2009 5:59 pm


ТРОПСКА ЉУБОВ“ е бразилска теленовела продуцирана и емитувана во терминот од 18 часот на Реде Глобо. Новелата беше напишана од Валтер Неграо (Cama de Gato, Desejo Prohibido). Генералниот просечен рејтинг на новелата бил 38%. Интересен факт е тоа што доста познати глумци за прв пат се појавиле во теленовелите преку оваа новела, тоа се: Џована Антонели, Даниела Ескобар, Марио Гарсија и Каролина Диекман. Првото име на новелата било планирано да биде „Paixão de Verão“ или Летни страсти. Серијата имала забележителен успех во Русија каде што била преведена како Тропиканка.

Tropicaliente - Тропска љубов
Период на емитување: 16 мај 1994 - 31 декември 1994
Број на епизоди: 194

Синопсис:

Убавата и богата Летисија на седумнаесет години се заљубува во Рамиро, сиромашен рибар, кој воедно е и седум години постар од неа. Девојчето остава сè и оди да живее во мала колиба, каде со Рамиро поминуваат страствен меден месец. Но тој е рибар и има потреба од морето. Рамиро поради неговата “работа“ заминува на еден брег далеку од Летисија и ѝ ветува дека следниот месец ќе се врати, за да се венчат. После три месеци, без да чека новости од својот сакан, Летисија заминува во странство за да го продолжи своето образование. Наскоро после тоа се враќа Рамиро, исполнет со страст, но ја пронаоѓа колибата празна. Тој дознава дека всушност бил играчка на разглалената богата ќерка, која сакала да помине весело лето. На почетокот на приказната, никој не е во Форталезе. Но судбината им планира неочекувана средба. Многу години после споменатите случки, двајцата решаваат да се вратат во родниот град. Таа, затоа што нејзиниот татко ѝ го препуштил рибниот бизнис и својата компанија во нејзини раце. Тој, затоа што риболовот во местото каде што живее престанало да носи добра заработка. Приказната, која се развива под синото небо на Форталезе, сретнува два различни света. Освен тоа, Витор, синот на Летисија, се загледува во ќерката на Рамиро и Серена, Асусена. Франсиско, трговец на терени, може да ѝ помогне на Серена, сопругата на Рамиро. Тој пристигнува во Форталезе, заедно со убавиот архитект Франсоа, кој може да ѝ помогне на Летисија да заборави на својот рибар. Но проблемот е во тоа што ќерката на Летисија, се заљубува во Франсоа пред нејзината мајка.




Вратете се на почетокот Go down
 
TROPICALIENTE, Rede Globo|1994
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» O REI DO GADO, Rede Globo|1996
» DA COR DO PECADO, Rede Globo|2004
» O CLONE, Rede Globo|2001/2
» ARAGUAIA, Rede Globo|2010/11
» AMERICA, Rede Globo|2005

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Бразил-
Отиди до: