Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeRAUZAN, RTI|2000 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 RAUZAN, RTI|2000

Go down 
5 posters
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 1:51 am

RAUZAN, RTI|2000 15554587

Раузан e популарна колумбиска теленовела, реализирана од Каракол и RTI во 2000 година. Серијата се базира на новелата "Кавалерот од Раузан" на Фелипе Перез, книга објавена во 1887 година. РАУЗАН е приказна за животот и смртта, претставена на доста морбиден и темен начин, а зборува за Себастијан де Мендоза, богат и мистериозен човек, кој боледува од каталепсија. Поради интересната, но одговорна улога, Освалдо Риос значително се подготвувал читајќи книги и пребарувајќи информации за да знае како да ги долови драматичните моменти на човек - каталептичар.
Серијата беше продадена во над 100 земји и достигна неверојатна популарност, за разлика од Колумбија каде не се постигна очекуваниот успех.


РАУЗАН - RAUZAN
Година на прикажување: 2000
Број на епизоди: 100


Себастијан де Мендоза е милионер кој живее во едно мало гратче - претставителен, храбар и одлучен маж кој привлекува внимание каде и да се појави. Тој е доста атрактивен и во гратчето преовладува општо мислење дека тој човек е чуден, мистичен и проколнат затоа што сите жени се самоубиваат кои биле во врска со него. Никој освен неговиот верен слуга Борис не знае дека Себастијан всушност боледува од каталепсија, страшна болест која ја наследил од неговиот татко кој бил жив закопан, а всушност имал напад на каталепсија.
Себастијан и покрај многуте авантури и напуштања на девојките, сепак ја наоѓа вистинската љубов во милата и добродушна Соледад де Сантино. Соледад потекнува од богато семејство, живее со нејзините родители Лукас и Естер кои не ја одобруваат врската на Себастијан со нивната ќерка, знаејќи за чудните приказни кои се шират за тој човек. И покрај негодувањата од фамилијата, сепак Соледад решава да се омажи со Себастијан. На денот на венчавката, Себастијан доживува напад на каталепсија - состојба во која телото е мртво, а душата е свесна за животот на тоа битие. Сите мислат дека Себастијан е мртов и решаваат да го погребаат. Историјата се повторува, Себастијан е жив закопан како и неговиот татко, а сето тоа се случува пред очите на неговиот брат Алсидес кој отсекогаш го мразел Себастијан и ова за него претставува среќна околност. Соледад е очајна и длабоко разочарана од љубовта поради смртта на свршеникот, па така нејзините родители решаваат да ја омажат за Алсидес де Мендоза, кој исто така е вљубен во неа. Соледад открива дека е бремена од нејзината љубов Себастијан, па нејзината мајка Естер решава да го скрие срамот од јавноста. Затоа Естер ја носи Соледад кај тетката Ералсија и тајно и предлага да се ослободи од детето на Соледад кога тоа ќе се роди. По неколку месеци, Соледад раѓа ќерка, но според договорот, нејзината тетка ги разделува мајката и ќерката. Тешка и долга станува борбата на Соледад да ја најде ќерката.
Од друга страна, сиромашните просјаци Елена и Гиљермо Зуриља барајќи злато кај мртовците во гробовите, го откупуваат Себастијан и така му го спасуваат животот. Како знак на благодарност, Себастијан решава да ги поведе со себе во едно гратче каде планира да живее. Таму тој ја купува вилата Раузан и почнува да живее сосема нов живот со Елена, Гиљермо и слугата Борис. Себастијан смета дека Соледад го предала со тоа што одлучила да се омажи со брат му, тој е страшно лут на брат му и решава да се одмазди. Успева да го најде Алсидес и во заеднички дуел меѓу браќата, Алсидес умира. Понатаму во приказната, Соледад и Себастијан конечно се сретнуваат. Соледад не може да верува дека нејзиниот сакан е жив и решаваат никој веќе да не може да ги раздели. Но патот до заедничката среќа се уште не е чист за Себастијан и Соледад. Тие ќе мора да се борат против Борис кој е љубоморен на неговиот газда и кој во еден наврат ќе се обиде да го убие Себастијан, но повторно смешните Елена и Гиљермо ќе го спасат Себастијан. Во животот на Себастијан се појавуваат и злобните Асноралда, Лаис и Херкулес, првобитните сопственици на вилата "Раузан" каде сега живее Себастијан. Асноралда сака да ја омажи внуката со Себастијан за да го добие неговото наследство. Оној што ќе му помогне на Себастијан да ги разоткрие задните намери на Асноралда и Лаис е духот на починатиот маж на Асноралда, која пред многу години го убила сопругот кој сега бара одмазда.


Улоги: Osvaldo Ríos, Susana Torres, Rolando Tarajano, Talú Quintero, Carlos Duplat, Margalida Castro, Raquel Ércole, Paola Díaz, Adriana López


Последната промена е направена од Beauty на Вто Ное 10, 2009 3:23 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 1:55 am

Зар оваа серија досега немаше тема?! Пречудно!

Можам сосема без размислување да кажам дека заедно со „Ја сакам Пакита Гаљего“ ми се едни од поомилените новели секако во мојата предолга листа. Го обожавав времето кога си ја гледав серијата кај баба ми, обично таму беше семејството собрано за вакви настани од типот на новелки. Но оваа серија за чудо ја гледавме само јас, сестра ми, и братучед ми, мислам дека друг не и‘ фрли око, всушност големи собири имаше само за три новели (Касандра, Право на љубов и Другата во мене).

Ова беше нешто феноменално, дотогаш невидено, морбидно, језиво и романтично. Еве баш сега барам од Јовица да ми ги прати линковите на првите епизоди затоа што овие што се во нашиов форум за симнување се погрешни линкови.

Глумата перфектна, едноставно не им чинеше на Телемундо да направи римејк на оваа класика...
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 2:03 am

Серијата беше прејака, тоа можам да кажам. Почетокот беше преморбиден, чуден, до тогаш невидено нешто, по атмосферата во почетокот потсетуваше на Малиот град Инферно. Се плашев дека серијата е лоша и дека нема да ми се допадне, али по неколку епизоди ја засакав премногу. Понатаму прејде во преинтересни сплетки, комбинирани со чудни хорор/крими елементи.
Вдовицата на Бланко, Раузан и Пакита се топ трио, значи преубави и оригинални теленовели правеше таа телевизија сама.
Инаку има ептен многу разлики меѓу Траисион и Раузан, тука Алсидес умира во првите 30 епизоди, исто така во Раузан - Борис при крајот се испоставува дека е негативец, па и околу него имаше интересни епизоди, особено кога го фрли Себастијан во езерото. Нешто највозбудливо од било која серија е делот кога во градот ќе дојде еден човек кој демек ќе се вљуби во Соледад и еден ден таа ќе отиде кај него во куќата и сфаќа дека неговата куќа е еден брод, паѓа во дупки, лавиринти, мостови кои се нишаат, змии од страна, соби кои се стеснуваат, огромни буриња кои се полнат со вода, тунели.... Се сеќавате на тој дел?
Тоа беше преинтересно, па после епизодите со Лаис и тетка и. 100 епизоди преполни со пренапнати, возбудливо и интересни настани.
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 2:51 pm

Деновиве репризно ја гледам серијава и можам да кажам дека сега како повозрасен многу повеќе ја ценам оваа уникатна теленовела, од првиот пат кога ја гледав, а уште бев дете.
Едноставно уживам во секоја нова епизода. RAUZAN, RTI|2000 319488
Реализацијата е толку проклето добра, што гледачот има чуство дека серијата е автентична, снимена баш во тоа време, крајот на 19 век. Глумата е исто на вискоко ниво, режијата, сценографијата...Приказната се одвива толку спонтано што додека гледам имам чуство како да читам некоја класична новела од типот на Оркански височини. RAUZAN, RTI|2000 586438
Голема препорака за сите да ја гледаат повторно.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 2:55 pm

Јас се плашев да ја гледам оваа серија кога ја даваа RAUZAN, RTI|2000 24632 знам братучед ми ја гледаше и ми кажуваше дека закопале жив човек, тоа ме исплаши, имаше многу мрачна слика и пошто бев премногу мал не ја гледав
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeВто Ное 10, 2009 3:32 pm

Има многу случки во серијава и како да е поделена во етапи, сличен случај како што беше и во Пакита Гаљего. Ретко да се најдеше лик во серијава кој не е облечен во црно.
Вратете се на почетокот Go down
Missy
Топ постер
Топ постер
Missy


Female Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1186
Birthday : 1989-11-02
Age : 34
Registration date : 2009-07-28

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 2:11 am

Имаше поприлично морбидни сцени во серијава. Пред некое време гледав исечоци на Youtube бидејќи правев споредба со Предавство. Имаше моменти кога ми беше страв од серијава ама во тој период гледав се што има на ТВ од страна на теленовели така да не ми претставуваше некој проблем. Имаше многу елементи од типот на лавиринти, па жива песок, закопи и сл. И уште една разлика помеѓу Раузан и Предавство е тоа што откако се роди детето овде поминаа повеќе години некаде 6-7, а во предавство се работеше за месеци и притоа девојчето имаше важна улога во спасувањето на Себастијан и Соледад
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 2:17 am

Да, точно, тоа интересно и малце морбидно девојче на Соледад и Себастијан кое телепатски комуницираше со татко и.
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitimeЧет Јан 07, 2010 1:11 pm

Вчера ја догледав (репризно) оваа епска новела.
Стојам на тоа дека ова е ремек дело и вистински пионир во светот на новелите. Предобра реализација, глума, сценарио...Дефинитивно една од десетте најдобри теленовели последниве 10 години.
RAUZAN, RTI|2000 606675 RAUZAN, RTI|2000 606675 RAUZAN, RTI|2000 606675

edit

Ова е рекордно, сега видов по постовите дека за два месеци сум ги изгледал сите 100 епизоди. RAUZAN, RTI|2000 996773
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





RAUZAN, RTI|2000 Empty
ПишувањеПредмет: Re: RAUZAN, RTI|2000   RAUZAN, RTI|2000 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
RAUZAN, RTI|2000
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» RAUZAN * 092/092
» MY FAMILY, BBC One|2000-
» CHICKEN RUN | 2000
» CARISSIMA, RCTV|2000
» AUTUMN IN NEW YORK | 2000

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од САД / Колумбија-
Отиди до: