Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: AQUI NO HAY QUIEN VIVA, Antena 3|2003-2006 Сре Окт 14, 2009 4:26 pm
Aquí no hay quien viva е шпанска комедија, која зборува за животот и проблемите на соседите во една зграда. Серијата започна да се прикажува на 7 септември 2003 година на каналот Антена 3, а заврши на 6 јули 2006. Исклучително духовитото сценарио во добро познат шпански дух ги прикажува вообичаените животни проблеми на еден сосема оригинален, реалистичен и забавен начин. Откако започна со прикажување, оваа серија стана една од најгледаните серии во Шпанија. Кај нас можете да ја гледате на Б92.
Земја на потекло: Шпанија Година на емитување: 2003-2006 Број на епизоди: 90
Зградата има три спрата, а на секој спрат по два стана во кои живеат, на прв поглед, сосема обични луѓе. На приземје се наоѓа младиот домар Емилио, кој ја наследил работата од својот татко и нема никакви други амбиции во животот, и видео-клуб во кој работи 25-годишниот Пако, кој сонува да стане филмски режисер. На првиот спрат живеат две сестри, кои имаат повеќе од 65 години. Висента е весела и зборлива, а Мариса, цинична и саркастична. На овој спрат живеат и младите и успешни Фернандо и Маури, кои се во прилично турбулентна геј врска. Над сестрите живее претседателот на куќниот совет, заедно со неговата жена, синот и ќерката - тинејџерка, кои имаат многу проблеми со меѓучовечките односи. Во соседниот стан се наоѓа самохраниот татко Армандо, кој живее заедно со неговата мајка и синот, со кои често се кара. На последниот спрат живее младиот пар Лусија и Роберто, кои само што почнале да живеат заедно и поминуваат низ тежок период по одвојувањето од родителите. Спроти нив живеат две 30-годишни другарки, заводливата Алисија и зајадливата и опсесивна Белен.
Шпица:
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: AQUI NO HAY QUIEN VIVA, Antena 3|2003-2006 Сре Окт 14, 2009 6:39 pm
Oва се дава на Б92, али не сум го погледнала, немам време.
The Cold One Нов Член
Број на мислења : 25 Registration date : 2009-01-18
Предмет: Re: AQUI NO HAY QUIEN VIVA, Antena 3|2003-2006 Пет Окт 16, 2009 1:40 am
Ја еднаш ја видов на Б92,и помешав мислев дека е Серанови .
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: AQUI NO HAY QUIEN VIVA, Antena 3|2003-2006 Сре Ное 04, 2009 6:38 pm
Beauty напиша:
Oва се дава на Б92, али не сум го погледнала, немам време.
Штета, ептен е добра серијата. Ја обожавам. Сите се кој од кој полуд и посмешен. Се надевам дека ќе имам Б92 додека да заврши серијата.
Sponsored content
Предмет: Re: AQUI NO HAY QUIEN VIVA, Antena 3|2003-2006