Beauty:НЕЗАБОРАВНИ ликови
Бренда, Дилан, Кели, Дона, Дејвид
И секогаш ја мразев КЕЛИ затоа што и го зема Дилан на Бренда
исто шок за мене беше и кога Дејвид ја изневери Дона
Chris:Јас знам дека се даваше кај нас ама онака само се сеќавам кој како изгледаше, на содржината не
Burrows:Јас па пред некое време на застарени VHS касети најдов две-три епизоди на „Беверли Хилс“, а по пат и глупите реклами кои се емитувале во тоа време.
Малку ми беше досадна серијата, ама нема везе.
Gaby:Najomilena serija mi bese Beverli Hils.Jas sum od taa generacija koja strasno luduvase po serijata samo moram da kazam deka na pocetokot mi bese poubava,posle toa site likovi se ispomesaa Brenda si zamina,Keli so Dilan pa Keli so Brendon to much za moj vkus.Inaku seuste si gi cuvam posterite, albumite so slikicki,maicki so nivnite likovi i sto li uste nemase
Chris:Леле да јас бев мал кога ја сакаа сите, ама знам дека сите имаа блузи со нивните ликови
Beauty:Јас мислам дека сите женски ја сакавме најмногу Бренда, не знам зашто, али и мене ми беше најомилена
Ја мразев Кели
Кај нас дадоа сaмо 5 сезони од серијата, а има вкупно 10
LucasScott:Не само блузи, јас имав и патики
Инаку ова БХ беше најголем хит додека бев основно.Серијата идеше во петок навечр и во понеделник сите само за тековната епизода зборевме.Дома ги имам сите епизоди на ДВД.Ова е дефинитивно една од моите најдраги серии
Да Беверли уште оди на ХРТ 2 но за жал ја преместија во утринскиот термин и престанав да ја гледам,но ја имам на ДВД па ќе ја догледам,во секој случај.А Бренда замина на крајот на 5-тата сезона.Во Македонија серијата одеше заклучно со шестата сезона.Само последните четири не ги дадоа.
Beauty:па мене ми се виде како да Валери 2 сезони минимум беше во серијава
Знам ја даваа во петок последната сезона,а пред тоа одеше мислам во недела серијава
Која сезона е кога Дилан ќе ја извара Бренда со Кели? Тие епизоди ми беа најинтересни, а најтажни кога ќе умре таткото на Дилан и кога ќе и го отрујат мислам кучето на Дона
Chris:Имам информација дека Шенон е избркана од таа серија поради појавување во други филмови со контроверзни улоги, бидејки ова сепак беше серија за тинејџери, но на неа навика и стана да биде бркана од пола серија
LucasScott:Ах,сеќавања
Валери ќе остане во БХ 5 сезони, а не 2 .Дилан ќе ја одбере Кели наместо Бренда во третата (по мене и најинтересна) сезона.Исто во таа сезона ќе умре и Џек МекКеј во атентатот.А кучето на Дона ќе умре од рак во 4-тата сезона.Кучето се викаше Роки,па после добија ново и го крстија Роки ту (2)
Beauty:Да, се сеќавам...колку само сеќавања преубави...
Не мислев Валери дека во 2 ќе биде, него мислев демек ми се виде кај нас кога ја даваа дека Валери во 2 сезони глумеше, грешка
Сега ќе кажам други интересни моменти на кои се сеќавам: Кели беше анорексична нели и повраќаше тоа што го јадеше? Па Дилан и викаше еднаш на Бренда дека не му се свиѓа што пуши, на крај на 4.сезона мислам Дона ќе го фати дејвид во кола со една , па ќе му раскине, па дури на крај на 5 ќе се смират, ДОНА беше невината девојка, со Бренда ќе бркаат знам некои шинтери за кучиња
Дилан живееше сам во една куќичка, знам, па редовно секоја сезона имаше епизода со ден на Благодарноста
Не се сеќавам, некоја лоша улога имаше мислам мајка и на Дона, нели?
LucasScott:Па повеќето работи кои ги наброја се баш од 3-тата и најдобра сезона.Да Кели боледувапе од анорексија и на денот на нејзиниот роденден заврши во болница.Дејвид ја изневери Дона со Ариел на крајот на 4-тата сезона.И да Дилан живееше сам.Најчесто (да не речам,а ќе речам,секогаш) Тенксгивинг го славеа кај Волшови.А мајка и на Дона цела серија ја држеше под контрола.Се сеќаваш ли Дани кога Дона реши да му го даде "цветот" на Дејвид и таман кога почнаа,дојдоа нејзините и Дејвид им отвори по гаќи?!
Beauty: Да, да се сеќавам. Дејвид водеше едно радио мислам и Дона му помагаше, дејвид и беше полубрат на Кели, некогаш и за тоа имаа дискусии. Доста бурни епизоди кога Дејвид се дрогираше, што се не правеше...полицијата го бркаше, па дрогата ја фрли во шоља, мене ми беа за таа возраст толку потресни епизоди, па после плачеше Дејвид, го тешеа
Кели, Дона, Дејвид живееа во едно станче
Помалце зфорсирани и релативно запоставени ликови беа Андреа и Стив, кои и мене не ми се допаѓаа...не знам дали одеа они едно време?: Андреа се омажи со еден црн беше мислам, имаше дете и си замина од серијата
И Бренда после имаше еден црн фраер, богат мислам беше и многу озбилен , ја враќаше дома
А на 1 и 2 сезона значи јас не се сеќавам на ништо, ништо не памтам, којзнае дали сум ги гледала, што се случуваше тогаш?
СЦЕНА која не ја заборавам:
Бренда и Кели сакаа на Дилан да му вратат, оставија слики од нив двете во тоа училишното шкафче, он дојде и ги гледаше двете и во позадина одеше музиката STAND BY ME
најубава серија
Chris:Леле достате сакам да ја гледам
LucasScott:Кога сме веќе кај плачењето,кој крокодилски солзи сум ги леел кога Дона се опи на матурската вечер и и беше забрането да матурира со останатите.Па цело школо стана од завршниот испит и со пароли ја бодреа Дона "Donna Martin graduate!" викаа пред судот.Еве и клип од таа сцена.
https://www.youtube.com/watch?v=iunYmHH0UNIСум липтал ко мало дете (не дека бев голем).Инаку песната на Дилан И бренда беше Loosing my religion,и од тогаш таа ми е една од омилените песни (плус и ја посветив на девојка ми
).Се сеќавам дека тогаш ги снимав сите епки на видео касети и следното сабајле (сабота) станував порано за да ја гледам пак.И така од ново и од ново,на памет ги учев.Затоа сега кога ги гледам репризно на ХТВ речиси на се се сеќавам,иако серијата одеше пред 12-13 години.
Beauty:А се сеќаваш на филмот Беверли Хилс?
Сличен беше како серијава, со исти глумци
А ја имаш ли гледано 1 сезона, што се дешава?
леле, колку се деца на клипов, Дејвид посебно, после ќе се сменат.
LucasScott:Тоа не беше филм туку пилот епизодата која трае час и половина ама беднине МТВ кај нас редовно ја даваат како филм.И да ги имам гледано сите епизоди,иако првите четири се врв,не знам која епизода ми е најубава,затоа што сите се предобри.
Beauty:Е да, МТВ ја дава како филм , затоа и јас и сите други мислиме дека е филм
Не требаше Бренда да си отиде од серијава, Валери беше за мене не толку добра
Мој омилен лик е БРЕНДА, после следат Дилан и Дона, тебе?
На крај од серијата ќе завршат кои? Дона и Дејвид, Дилан и Кели, нели?
LucasScott:Да на крајот остануваат Дилан И кели за жал иако јас навива секогаш за Дилан и Брен,а ја мразев Кели.Последната сцена е венчавката на Дона и Дејвид,а Дилан ќе и пријде на Кели и ќе ја замоли за танц.Таа ќе му ја подаде раката и ќе му одговори;Научив никогаш да не те одбивам.
Beauty:ЈА МРАЗАМ КЕЛИ!!! Бренда
Знам исто дека некоја сезона и Дилан го немаше во серијата
А Стив нели беше најдосаден лик, јас ништо не памтам за него, не можеше да дојде до израз од другите
LucasScott:
Да Дилан ќе го напушти Беверли кога на денот на неговата венчавка со преубавата италијанска наследничка Антонија,нејзиниот татко (кој го уби татткото на Дилан во атентатот) со желба да го убие Дилан ќе ја убие својата ќерка.Тогаш Дилан заминува од серијата,но ќе се навраќа во следните епизоди како специјален гостин.А Стив,шо знам,јас си го сакав,бидејки секогаш запаѓаше во комични ситуации.Се сеќаваш ли кога се запиша во Бета братството и бидејки беше бруцош мораше да биде облечен како жена цел ден и така одеше на факултет?Hilarious
Beauty: Ау да, нешто ми текнува, али не се...Стив беше најсмешен, најдобар другар на Брендон
Брендон идеше со Андреа, нели, па со кели, па Андреа ја бранеше од еден моторџија кој сакаше да ја силува Андреа
И еднаш како што знам Дона и Бренда ги уапсија зашто ги бранеа животните, сакав да си купам куче знам како на Дона тоа
Имаа и еден кафич, бар каде се собираа
Да, да...Имаше и сестринство како што знам, се ми е испомешано, се сеќавам на одредени сегменти само
А ова со Дилан и венчавката не го знам, сигурно е некоја друга сезона
Имам некои касети дома со снимени епизоди од Беверли Хилс, баш ќе побарам деновиве што ми снимале
Али, најпотресни сцени беа кога Дилан ја изневери Бренда
LucasScott:Брендон И Андреа никогаш не идеа официјално,само се муваа.Она исто се муваше и со Стив,но на крајот се запозна со Џеси,роди ќерка и замина од Беверли.Инаку на ДВД ата имам и една специјална емисија,некојси реунион,10 годишница од снимање мислам беше,и таму целата екипа повторно се обединува во домот на Волшови.Секој пат кога ја гледам емисијата цел за наежувам од толку емоции и спомени.Има и клипови на јутјуб од истата.Да побарам и ќе оставам.
Еве,од страна ги имаш и останатите делови,гледајги и уживај,јас пак ќе ги гледам
https://www.youtube.com/watch?v=7WAs08a2oO8ЕДИТ
Мене не фати носталигија одам јас да си пуштам некое ДВД со постари епизоди,а и морам да легнам сабајле сум на работа.Продолжуваме утре.Поздрав