Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: ULTIMATE FORCE, ITV|2002-2008 Чет Јун 04, 2009 4:08 pm | |
| Специјален одред е британска драмска серија која се има прикажувано на ИТВ со вкупно 4 сезони. Првата сезона е прикажана во 2002 година, а последната во мај, 2008. Композитор на насловната песна од серијата е Rick Wentworth, а серијата е креирана од Rob Heyland и Chris Ryan. СПЕЦИЈАЛЕН ОДРЕД - ULTIMATE FORCE1. сезона - 6 епизоди2. сезона - 4 епизоди3. сезона - 6 епизоди4. сезона - 5 епизоди Оваа авантуристичка серија ги следи авантурите на наредникот Хено Гарви и неговите колеги кои ги сочинуваат Црвените Трупи, тим во состав на британските специјални сили САС. Спречување на испуштање на смртоносна мутација на антракс, инфилтрација во антикапиталистичка група која подготвува атентат и опсада на банка се само некои од мисиите во кои учествуваат и го ставаат својот живот во опасност... Новите регрути ќе бидат покрстени со оган кога ќе влезат во елитниот борбен тим на Специјалните воздушни сили. Со вжештени петици од една вежба за спасување, Црвената трупа водена од харизматичниот Хено Гарви ќе биде повикана да се погрижи за седиштето на една банка... Кога Црвената трупа ќе го закопа Сем Леонард, еден пиштолџија ќе пука во еден виден европски банкар со снајпер. А откако нема да ја погоди целта, Специјалните воздушни сили ќе имаат задача да го пронајдат оружјето, а британската антиглобалистичка група ќе биде осомничена за пукањето... Десетмина надежни регрути од Специјалните воздушни сили ќе се соочат и со ниниот врвен и најголем предизвик- тридневна битка за преживување во планините во Велс каде ќе мораат да побегнат од 40 паравоени формации додека го истражуваат теренот... Улоги: Ross Kemp, Tony Curran, Jamie Draven, Alex Reid, Miles Anderson, Christopher Fox, Sam Callis, Heather Peace | |
|